2win800x200

ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАРОТ ВО ПОТПЕЛИСТЕРИЕТО

Март 25, 2019

Со натчовечки напори вечерва локализиран е пожарот што избувна во атарот на селото Ротино и не се дозволи проширување кон моликовата шума,соопштија од Општина Битола.

Во масовната интервенција за гасење учествуваа екипи на територијалната противпожарна единица, потпомогнати со противпожарно возило од Општина Ресен и од РЕК Битола, со механизација и возила од јавните претпријатија, со помош на вработените во Националниот парк Пелистер и локалното население, како и со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Градоначалничката Наташа Петровска, по одржаниот состанок со Кризниот штаб, повеќе од два часа беше на местото каде што беснееше пожарот заедно со екипите кои учествуваа во неговото гаснење. Таа истакна дека со натчовечки напори на сите кои делуваа на терен, пожарот е ставен под контрола.

Сепак, екипи и вечерва ќе останат на локацијата со цел веднаш, превентивно, доколку во раните утрински часови повторно се појави пламен, да делуваат за да не дојде до негово проширување. Во зависност од тоа каква ќе биде состојбата со пожарот во текот на ноќта и во раните утрински часови, така ќе бидат превземени соодветни мерки од страна на Кризниот штаб, односно изутрина ќе се одлучува дали и понатаму ќе се бара вклучување на воздухоплови за гаснење на огнот.pozar

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани