Сите сме исти, грмеше Широк Сокак од пораката на децата (видео и фотогалерија)

Април 02, 2019
{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=qtqwKsf5XxI{/YouTube}

Ученици од четврто три одделение од ОУ „Тодор Ангелевски“ заедно со членовите на Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ денес заедно играа ора и пееја песни на Широк Сокак. Тие испратија порака дека сите деца се исти. 

„Преку соработката јавно дадовме поддршка на лицата со интелектуална попреченост. Во нашето училиште владеат љубов и отвореност кон децата со интелектуална попреченост и затоа тие не се чувствуваат отфрлено и занемарено и секогаш сме подготвени да помогнеме, но најпрво од сѐ да дадеме поддрша со љубов, топлина, насмевка и подадена рака“, рече наставничката Весна Гагаловска.

55857754 562594454236864 308091232641351680 n

55875393 452601341977589 9089514733920321536 n

Во организација на „Порака“, во Битола се одржа и панел дискусијата „Попреченоста е само прашање на перцепција“, што, пак, е дел од проектот „И ние можеме и сакаме да пееме“, кој има за цел да покаже дека и лицата со интелектуална попреченост имаат свои таленти и дека им се потребни можности да ги развиваат.

„Овој период сме насочени кон социјалните активности и излегувањето надвор, со цел социјализација и подобрување на начинот на перцепција на околината кон лицата со интелектуална попреченост. Најголемата бариера која треба да се премости е неприфаќањето и дискриминацијата од средината, која на нив гледа како на посебна категорија. Доволно е да го отвориме срцето и кај нив ќе препознаеме топлина и љубов“, рече Јулијана Трајчевска, претседател на „Порака“.

Социјалниот клуб при „Порака“ функционира од 2015 година и е наменет за поддршка на семејства кои имаат член со интелектуална попреченост. Него го посетуваат околу десет деца, а регистрирани се околу 30 лица со ваква попреченост заедно со околните општини Новаци, Могила и Демир Хисар.

„Проектот ‘Ние можеме и сакаме да пееме’ е дел од поголем проект. Овие деца и млади луѓе имаат таленти и за тие да дојдат до израз треба посебно да се работи, да се вложува многу труд. Имаат таленти за пеење, за цртење. Проблемот е што нема каде да го истакнат својот талент. Со овој проект целта е да излеземе надвор и да ги афирмираат своите таленти зашто надвор од ‘Порака’ нема каде да ги покажат своите таленти“, додаде Трајчевска.

56173233 598715773937171 6070120774570606592 n

Оливера Петровска е мајка на 22-годишно девојче со интелектуална попреченост кое сака да пее, но освен во „Порака“, нема каде на друго место да се унапредува.

„Таа пее, има талент, сама научи да свири на флејта, ѝ купивме синтисајзер и тапани, гледа на интернет и така учи. Дадовме барање во музичко училиште да ја примат пред четири години, но бевме одбиени, зашто немало такви можности“, рече Петровска.

Од центарот „Порака“ ги повикаа родителите да не ги кријат децата со интелектуална попреченост, туку да им помогнат да се социјализираат и да ги развиваат своите способности. Оние кои ја посетуваат „Порака“ прават изработки, пеат, танцуваат и цртаат.

„Ги разбиваме прво бариерите на родителите. Родителот да го разбере фактот дека за неговото дете треба да се грижи и да го отвора кон средината за може понатаму ние како структури во општеството да помогнеме и да ги вклучиме децата во еден нормален тек на живот. Родителот да не го крие своето дете“, рече Лидија Бодановска, секретар на „Порака“.

 55869435 2069842216646900 652028034701852672 n

55897242 2401984246712840 4368043690640277504 n

55892447 268071817472596 2558653421435486208 n

56140431 2292555561017945 1016752268021596160 n

55875643 322896348410457 7814083496263024640 n

55881747 323941415147884 3784455405749403648 n

55922107 421050961792723 2490996107291656192 n

56232406 2243553815708784 7400338786854371328 n

56232170 271907177034682 6694723755165351936 n

56618759 356813888266340 5000805017448349696 n

56320416 2373036579415881 9047880098341978112 n

56184326 1286011271540286 415063930088456192 n

56319129 343691106494476 7314429107243057152 n

Марија Младеновска Димитровска, координатор на училишниот инклузивен тим во СОУ „Таки Даскало“ изјави дека едно од правата на лицата со порченост е и правото на образование. Токму затоа се спроведува инклузијата во училиштата, но тоа е комплексен процес, бара креирање на инклузивни наставни планови и програмаи, стручно усовршување на наставниот кадар, зајакнување на училишните стручни тимови со дефектолози, педагози , психолози, вклучување на образовни асистенти.

-За жал, ние како држава немаме посебен закон за инклузивно образование, сѐ се сведува на едн член во Законот за основно и средно образование кој подразбира дека сите деца имаат право на образование. Од пред некое време се направи обид преку меѓународни проекти со поддршка на УНИЦЕФ да се изготват одредени водичи за инклузивно образование кои ни служат како патоказ по кој ние треба да работиме“, рече психологот Марија Младеновска Димитровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани