ПРАПРАБАБИТЕ НА БИТОЛЧАНКИ СО КОСКЕНИ ИГЛИ СИ ГИ ДОТЕРУВАЛЕ КОСИТЕ

Април 02, 2019

Жените од некогашна Хераклеја косата ја украсувале со коскени игли, носеле лонулести обетки и прстени со симболи. Археолошките ископувања што беа спорведени од 2008 до 2014 година во античкиот локалитет кај Битола, освен што на површина извадија значајни артефакти, посведочија и за стилот што го имале претходничките на денешните битолчанки. Пронајдени и зачувани во збирката се раритетни примероци од накитот во Херкалеја дартиран од пред нашата ера до 7 век од новата ера.

 

„Има поскромни изработки на накит за обичниот народ, но и пософистицирани примероци кои ѝ припаѓале на аристократијата. Надалеку се познати тие нивни дотерувања на косите со коскени игли. Во Хераклеја пронајдовме многу такви. Тоа било тренд во римскиот период“, изјави археологот Аница Ѓоргиевска.

Иглите од коски се претежно од втор век, па наваму и на врвот имаат топчести украси. Меѓу пронајдениот накит најбројни се примероците од римскиот период.  Тоа се претежно обетки лиени во бронза или сребро со алки и приврзок, како и прстени изработени од бронза. Од ранохристијанскиот период пронајдени беа крстести фибули, а од средновековието, односно 7 век, лонулести обетки. Пронјадени беа и чешли за коса изработени од коска, со остри запци и украсни кругови.

„Пронајдовме и ексагии, тегови за мерење на благороден метал. Она од што го изработувале накитот, бронза, бакар, злато, го мереле на  префинети тегови. Тоа е периодот кога дошле Аварите во овие краеви. Биле љубители на злато, на накит и со себе ги носеле патувачките златари“, додава Ѓоргиевска.

Накитот е дел од збирката со  9000 инвентарирани движни наоди од Хераклеја Линкестис.  

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани