Сѐ уште не се фатени потпалувачите на шумите во Битолско и Преспа

Април 04, 2019

Десет ден по големиот пожар кај потпелистерското село Ротино, кога малку недостигаше огнот да ја зафати моликовта шума на Пелистер, сѐ уште не се фатени предизвикувачите на пожарот. Од СВР Битола велат дека работат на случајот, но сѐ уште нема осомничени освен едно лице кое се товари за подметнување на пожар во крушевско.

 

Засега нема осомничени ни за пожарите во Преспа, каде изгоре поголема површина од крајезерскиот појас со трска и 300 хектари шума во Националниопт парк Галичица и околнината.

Пожарникарите изјавиа дека пожарите се предизвикани од човечки фактор. Лани цела година Противпожарната единица од Ресен имала 120 интервенции, а годинава за три месеци 113.

Слична е ситуацијата и во Битола. Во првите три месеци од годинава во Битолско се случиле 68 пожари на отворен простор и тоа најголемиот дел од нив во близина на потпелистерски села Острец, Кишава, Драгожани, Лисолај, Ротино и Цапари. Лани во овој период имало само 16 пожари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани