2win800x200

ЈП „Пазари“ исчисти 4 тони ѓубре оставено покрај тезгите во Градскиот пазар

Април 10, 2019

Во неделата екипи од Јавното претпријатие „Пазари“ исчистија четири тони хартија во облик на гајби, други отпадни хартиени материјали, пластика, стакло и друг смет оставени покрај тезгите.

Во текот на минатата недела, сите тезгаџии биле известени дека ѓубрето кое го создаваат при продажбата на сопствените производи, треба уредно да го фрлаат во соодветните контејнери за отпадоци. 

По отстранувањето на ѓубрето, следеше темелно миење на Градскиот пазар. Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски истакна дека е неопходно местото каде што се набавуваат прехрамбени производи, да се чисти и одржува редовно. Атанасовски рече дека миењето во текот на летните месеци ќе биде задолжително реализирано секоја недела, а во зимските месеци, кога тоа ќе го овозможуваат временските услови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани