Идеја за засадување на дендро парк со растенија од Битола и Бон (фотогалерија)

Април 13, 2019

Делегација од германскиот град Бон во соработка со Општина Битола го разгледуваат идејниот проект на ЈП ,,Комуналец" за засадување на дендро парк во Битола. 

,,Дендро парк во кој ќе се засадат  дрвја што се успешни во регијата на Бон и Битола. Сето тоа би било пропратено со таблички и објаснувања за растенијата. Дури и локацијата е утврдена во главниот градски парк", рече директорот на ЈП ,,Комуналец" Панде Богоевски. 

 

Гостите од Бон оставрија работна посета во ова Јавно претпријатие, беа информирани за управувањето и селекцијата со отпадот, возниот парк, уличното осветлување и други дејности. 

„Најмногу се интересираа за зелените површини во градот, за хортикултурното уредување. Ќе детализираме и можни правци за соработка во делот на уредување на зелени површини во Битола. Го посетија и расадникот на Комуналец. Имаме проект и за уредување на Германските гробишта“, рече Богоевски.  

Гостите од Германија беа позитивно изненадени од одржувањето на јавните зелени површини во Битола. ger3

„Многу позитивно сме изненадени за негуваните зелени површини во Битола, парковите, се е добро одржувано. Би сакале да размислиме за заеднички проекти од областа на игралиштата за деца, залени површини, паркови, посета на битолска делегација во Бон, посебно за размена на искуства со Секторот за зелени површини. Треба да се види кои растенија успеваат во Битола и Бон, за тоа да се консултураат стручни служби. Ние со пормената на климата мораме да размисуваме за зеленило кое е поотпорно на повисоки температури “ , рече Анке Калерт, одговорна за 300 вработени во Секторот за зелени површини во Бон. 

Двете делегации разговараат и за други соработки меѓу двете општини. 

 „Имавме можност за размена на работни искуства и можност за понатамошна соработка меѓу двата града. Ова е само почеток на следните активности. Кога германскиот амбасадор ја посети Општина Битола, една од идеите беше дека Битола заслужува да има соработка со општина во Република Германија и ете таа иницијатива се сопроведува за неполна година“, рече градоначалничката Наташа Петровска. ger

ger 2

ger4

ger5ger7

ger6

 

 

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани