Купишта кондоми и ѓубре собрани од елитната населба Златен рид

Април 13, 2019

Класнето со учениците засукаа ракави и светнаа голем дел од поранешната касарна во Битола каде одамна не заиграла ни метла, ни лопата. Збунувачки е како може од една елитна населба која го носи името Златен рид да се собери толку нечистотија. Неколку десетици вреќи се собраа со ѓубре. За да ја довршат работата во целост следната недела бараат багер да го соберат сметот од старата зграда претворена во ѓубралник зад ресторанот Аурум. Учениците од втора шест од Средното медицинско училиште и други битолчани кои се приклучија кон акцијата „Мети си со класнето“ овој дел не успеаја да го исчистат зашто наталоженото ѓубре не може да се подигне со раце, метли и лопати.57064265 10157152376719776 7178133182007476224 n

„Почнавме од паркингот на Правен факултет, па зад него, па потоа малку подесно, односно во зградата зад Аурум. Таму не чекаше најголемиот хаос досега, а имаме видено многу верувајте ми. Се чудам како на елитата битолска кои живеат таму не им пречи ова. Како и да е, голем дел средивме, додека другиот остана за следната недела, бидејќи ќе ни треба багер. БАРАМЕ БАГЕР. Човечка рака онде не може, зошто, се гледа и на фотографиите“, рече иницијаторката на акцијата Марија Магдалена Петковска Микаровска.56881429 10157152376889776 5744349747141935104 n

Од паркингот пред Правен факултет во рамки на акцијата беа собрани најмалку триста употребени и фрлени кондоми. Утешително во целата нечисторија барем е сознанието дека младите имаат безбеден секс. Тажно е тоа што часови и часови се потрошени во училиштата и факултетите за екологија, но тоа се ветреело по часовите. Како и тоа дека живееме во време кога секој декларативно се бори за грам чист воздух, а ѓубрето ни смрди  под прозорците.

На битолчани кои чистеа во пресрет им излезе и ЈП „Комуналец“. Во касарната отидоа директорот Панде Богоевски и други вработени, па се договорија синхронизирано да работат за поголем ефект. Им дадоа вреќи за собирање смет и наполнаа еден камион полн со собрано ѓубре од старата касарна.

Акцијата „Не биди ѓубре“ продолжува и следната недела. Можеби ќе им проработи свеста на оние кои го валкаат градот дека не треба да се однесуваат како ѓубре.

56839705 10157152376319776 5684787501458259968 n

57484791 10157152376474776 8612457112737415168 n

57393115 10157152375764776 5049976526062223360 n

57358053 10157152375724776 1731204431145336832 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани