2win800x200

ПРВОНАГРАДЕНАТА ЕВГЕНИЈА ДИВИТАРОВА ГО ИЗГРАВИРА СО ЛАСЕР ЛИКОТ НА ИСУС ХРИСТОС ВО НИЈАНСИ

Април 15, 2019

Ликот на Исус Христос го изгравирала средношколката- иноватор Евгенија Дивитарова на 55 државен натпревар на млади истражувачи што викендов се одржа во Куманово. Целта ѝ била да покаже дека нејзиниот изум, цнц машината, може да гравира со ласер и во нијанси.

Ова е само еден од примероците со кои таа се претставила пред комисијата на натпреварот и го освоила првото место од областа на автоматиката.

„Имав неколку примероци направено, меѓу кои и ликот на Исус Христос за да покажам дека машната може да гравира и во нијанси. На натпреварот имаше силна кокуренција, ученици од различни градови во земјава и нависина беше предизвик да се учесвува. Првото месо е поттик за да ја подговам мојата трета машина“, рече Дивитарова.

Таа досега изработила две машини за гравирање, а веќе ја подготвува и третата. Самата ги смислува софтверите, ги дизајнира и конструира деловите од машината на која се врши гравирање на текст, фотографии, па дури и уметнички дела. За втората машина ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје. За изработка на машините досега добила поддршка само од Фабриката за опрема и делови во Битола, а конструирањето на ваквите цнц машини е скапо зашто деловите ги нема кај нас.

Таа е ученичка во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од каде на истиот натпревар прво место освои и Антонио Цветановски во областа на електротехниката и електрониката, а второ место Наиле Емини во роботика.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани