2win800x200

Во март најчист воздухот кај Декорпод и Областа, загаден кај Дрвен Пазар, Бадембалари и Широк Сокак

Април 15, 2019

Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во март биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен. Но, загрижуваат податоците за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од Платформата „Земи здив“.

Таа врши мерење преку седум сертифицирани мерни станици на Широк Сокак, Бадембалари, Областа, Јени Мале, Баир, Дрвен Пазар и Декорпод.

„Во реонот на Бадембалари дури има повисоки вредности од среднодневните концентрации на ПМ 2,5 честички кои не смеат да надминат 25 микрограми на метар кубен“, стои во извештајот.

Од цела држава, единствено во Битола се мерат ПМ 1 честички за кои сѐ уште не се поставени стандарди, но веќе во голем број европски градови се мери и нивното загадување.

„За среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот во март генерално се движеле во рамки на дозволеното, особено во втората половина на месецот кога имало релативно почист воздух во Битола на сите локакции од мрежата на мерни станици. Највисоки среднодневни концентрации во месец март се забележуваат меѓу први и петти март и се движат од 40 до 70 микрограми на метар кубен“, велат од „Земи здив“.

Просторот околу Декорпод и Областа имале најчист воздух, а Дрвен Пазар, Бадембалари, Широк Сокак најнечист.

Платформата „Земи здив“ ја сочинуваат граѓанските здруженија Центар за европски развој и интеграција, Сфера Македонија, Геосфера, Јасмин и Младинската асоцијација ИМКА

Во извештајот уште се потенцира  дека од 18 март мерната станица Битола 2 која е под надлежност на Министерството за животна средина не објавува податоци за присуството на ПМ 10 И 2,5 честичките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани