Талески со улицата „Широка“ им го стесни раатот на граѓаните

Ноември 03, 2017

Улицата „Широка“ на битолскиот Баир, повеќе од една година е раскопана, со искршен асфалт и ивичници, иако таа  е улицата со чие асфалтирање прво се пофали бившиот градоначалник Владимир Талески откако излезе од куќниот притвор, осомничен за криминал со бесплатниот школски  превоз тежок 360 000 евра.

 

Кире Василевски,жител на соседната улица „Смилевска“ вели дека Талески лани  во септември  се пофалил со асфалтирање на долниот дел на улицата, додека горниот дел го оставил во ужасна состојба, за што сведочат и фотографиите.широка2

"Широка" веќе година дена е во ваква состојба. За потребите на новата улица (која е направена и спремна со тампон за асфалт)е ископана старата која беше во одлична состојба со асфалт и ивичници. Во општина има барање од 50 потпишани граѓани (кои мака мачиме со нашите автомобили) за истата да биди направена во склоп со новата улица или во најмала рака да се врати во првобитна состојба како што си беше. Во спротивно ако не биди така ние жителите од улица "Широка"и улица "Смилевска" ќе направиме блокада за да нема никакви градежни работи на новата улица“, вели Василевски.широка3

Лани, Талески со својата свита ги собра дел од  медиумите на улицата „Широка“за да соопшти  што направила општината со инфраструктурата на улицата.23192782 155657121838209 2065585812 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани