2win800x200

Лавови во работните простории на ФОД

Ноември 03, 2017

Фотографии од работни простории во Фабриката за опрема и делови (ФОД) во Битолско кои се исполепени со вмровски симболи- лавови, беа испратени до редакцијата на Апла.мк. Испраќачите посочија дека симболите се изложени во вид на амблеми, постери и резбарии во работилницата кај шефовите. Реагираат дека ова е фабрика, а не  партиски штаб и дека на ова место влегуваат и вработени со друга политичка припадност, па во ред е да се отстранат.  

 

fod1

Директорот на ФОД Александар Пановски во телефонски разговор за Апла.мк вели дека до денес не слушнал, нити забележал некој да изложи партиски симболи во фабриката.

-Ако има такво нешто јас веднаш ќе го санкционирам. Во Управната зграда нема, јас констролирам. Но, мора да се има во предвид дека имаме голем комплекс , хали на оддалеченост од еден километар, па друга во Термото и некој може во секој момент нешто да стави. Воедно ние немаме имот, тој е на РЕК, а и канцелариите не ни се физички одвоени, до мојата има канцеларија на директор од РЕК, една до друга се канцеларии на службеници. Се вршат контроли, но доколку некој направил такво нешто ќе биде санкциониран- рече директорот.  

По објавата на текстот на нашиот портал, попладнево директорот на ФОД ни испрати фотографии од истите простории, но овој пат без партиските обележја. Во пораките што ни ги прати по интернет потврдува дека се работи за истите простории, но  за друг период, а тоа вели дека може да се увиди по бојата на бараките, на лимот и на ѕидовите. 

Во текстот што го објавивме никаде не пишуваше во кој период биле ознаките поставени. Но, без разлика кога и да било тоа, дали пред неколку месеци или било кога во изминатите  11 години додека  ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, ова е државна компанија и внатре не им е местото на партиски обележја. Во продолжение ги објавуваме фотогрфиите испратени попладнево од ФОД, за читателите да имаат појасна слика. kolaz

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани