2win800x200

УЧЕНИЦИ ОД „ТОДОР АНГЕЛЕВСКИ“ ГИ ИСЧИСТИЈА ПАТЕКИТЕ КОН ФИЛМСКИОТ МОСТ ВО ЗОВИЌ

Април 20, 2019

Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.

 

Најпрво се одржа еко час на отворено на кој учениците се запознаа со правилата за движење во природа, со убавините во мариовскиот крај и начинот на кој можи да се заштитат и чуваат природните убавини. Потоа во групи се чистеа патеките низ селото и патеките кои водат кон Филмскиот мост. На одредени места се поставија и еко канти.

„Од мала возраст негуваме и градиме позитивни особини и чувства кон природата. Ние сме дел од неа и вака работно го одбележуваме Денот на планетата Земја, патронот на нашето училиште и апелираме за поголема еколошка свест“, рече наставничката Гагаловска.

Иако во село Зовиќ нема многу жители, сепак, низ селото и по патеките кон Камениот мост на Градешка Река имаше расфрлено ѓубре. Местото изобилува со прекрасни пејсажи, чиста еколошка средина и често е посетувано од туристи. Мостот народот го нарече Филмски, откако таму беа снимени сцени од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски.57447334 311056586255711 4725648328472133632 n

57178313 801654540210396 4936069732764745728 n

58057690 2194360763990589 828070725460951040 n

58382097 349302395789041 7918106955632082944 n

57450984 2300530956825866 6193505761826439168 n

57663977 400462550774552 4256662819149185024 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани