2win800x200

РЕК интензивно работи за добивање А интегрирана еколошка дозвола

Април 30, 2019

Завршија формалните преговори на РЕК Битола со Министерството за животна средина на кои се усогласени сите мерки и рокови за комбинатото да добие А интегрираната еколошка дозвола.

Од 21 предвидена активност четири се завршени, една мерка ќе се спроведе до крајот на годината, а  шест се применуваат континуирано. Според ова, скоро половина од мерките за подобра животна средина кои се обврска енергетскиот гигант да ги спроведе на дело, се применуваат.

Инсталирано е водено отпепелување на одлагалиштето за пепел во РЕК „Битола“ за да се спречи распрашување. Ова е една од клучните мерки што Министерството за животна средина  бараше Комбинатот да ја спроведе како дел од активностите  за добивање на А интегрирана еколошка дозвола, а како што велат од РЕК Битола, овој проект наскоро ќе биде комплетно презентиран пред јавноста.

Покрај оваа активност,  преземени се и мерки за спречување на распрашување на старата депонија со пепел. Од лани до сега површините со непокриена пепел со земја се намалени за десетина пати.  Токму за ненавремено покривање на пепелта на одлагалиштето, во февруари минатата година Битолската полиција имаше поднесено кривична пријата против Електрани на Македонија и петмина поранешни директори на РЕК „Битола“ осомничени за загадување на животната средина. Според пријавата,  тие дозволиле да се врши отпепелување на одлагалиштето, каде што често се создавале воздушни вртлози со пепел со земја и на тој начин предизвикале пораст на загаденоста на воздухот  во Битола, што пак претставувало опасност по здравјето на луѓето.

Меѓу спроведените мерки се и набавка на три мерни станици и автоматизација на управувањето на процесот на производство. Од активностите кои се спроведуваат во континуитет се рекултивација на површинскиот коп и одлагалиштата за јаловина и пепел, оформување на заштитна зона со високо стеблеста шума,  намалување на самозапалување на одалгалиштето за јаглен, како и на  фугитивните емисии на прашина од движење на возила и механизација по пристапните патишта во рудникот и од воздушната ерозија  на одлагалиштето за јаловина.

Исто така во тек е меѓународен тендер за избор на фирма за набавка и инсталција на електростатски филтри на блоковите, кои за првпат ќе се реконструираат по 37 години од постоењето на РЕК Битола. ЕСМ ќе издвои 20 милиони евра сопствени средства за овој зафат со кој за петпати ќе се намалат емисиите на прашанина од оџаците на РЕК Битола.

Уште десетина мерки остануваа да бидат имплементирани најдоцна до 2026 година, до кога  треба да се изградии постројка за десулфуризација.   

За првпат Државните електрани поднесоа барање до Министерството за животна средина за А интегрирана еколошка дозвола во 2007 година, но, обврските за исплонување на еколошките стандарди не се спроведуваа, па роковите во неколку наврти беа пролонгирани.

Сега, 12 години подоцна, постапката целосно се обновува, со утврдена динамика, а дел од активности веќе се спроведуваат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани