Започнаа ремонтите во РЕК, ќе се менува и азбестот од Блокот 2 со еколошки материјал

Мај 02, 2019

РЕК Битола започна со ремонтните активности предвидени за годинава. До средината на ноември ќе бидат направени редовни ремонти на Блок 1 и Блок 3 и капитален ремонт на Блок 2. Блок 1 ќе биде во ремонт до 3 јуни, по што следува ремонт на Блок 3 од 4 јуни до 7 јули. Осум години по модернизацијата, годинава капитален ремонт ќе биде изведен на Блок 2. Ремонтните активности на овој блок ќе траат од 15 август до 15 ноември.

 

За ремонтите на блоковите предвидени се повеќе од 10 милиони евра. Зафатите ќе ги изведуваат фирми искусни во својата работа, кои заедно со подизведувачите доаѓаат претежно од Битола и регионот, со што комбинатот индиректно ја поддржува локалната економија.

„Успешната реализација на ремонтите треба да обезбеди стабилно производство на електрична енергија, особено во текот на зимата. Таков беше случајот претходната грејна сезона во која РЕК Битола работеше непрекинато, со максимален капацитет на сите три блока 81 ден, состојба која во комбинатот не беше забележана последите осум години“, рече генералниот директор на РЕК Васко Ковачевски.

received 446293422865966

Соо ремонтот на блоковите, АД ЕСМ и РЕК Битола имаат за цел не само да ја зајакнат стабилноста на електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија, туку и да го зголемат производството на електрична енергија, да ги намалат трошоците на производство, а заштедите и приходите од работењето да ги инвестираат во капитални проекти, пред се за заштита на животната средина.

„Така, за време на капиталниот ремонт на Блок 2, ќе започне и санацијата на разладната кула на овој блок за што се предвидени над 6 милиони евра. На неа ќе се отстранува азбестната обвивка за што тендерската постапка за избор на изведувач е во тек. Со оваа активност РЕК Битола уште еднаш потврдува дека сериозно има намера да инвестира во проекти кои значат подобрување на еколошките перформанси. Најголема потврда за тоа е тендерот за реконструкција на електростатските филтри во висина од 20,4 милиони евра“, додаде Ковачевски.

Азбестно бетонските плочки што ќе се извадат ќе бидат повеќе од 3 000 тони кои соодветно според Законот за отпад ќе се третираат, а на нивно место ќе бидат поставени еколошки материјали, поточно еколошка пластика, која зналително ќе го подобри амбиенталниот воздух во околината на РЕК и околните општини. Замената на азбестот е и една од мерките за добивање на А интегрирана еколошка дозвола.

„Она што при моето даоаѓање во овој Комбинат со овој менаџерски тим го ветивме, го оставруваме. Го стабилизиравме производството, ги намалуваме трошоците за производство на енергија, доказ е и завршната сметка на ЕСМ која за 2018 година покажа добивка пред оданочување од 29 милиони евра, а РЕК учествува со 70 до 75 проценти во ова акционарско друштво. Со нaшите заштеди во РЕК директно влијаевме врз заштедата што ја имаше компанијата. И третиот сегнемнт заштитата на животната средина, пред се со третманот на пепелта, покривање на непокриените површини кои беа остаток од претходното раководство за што веќе се поднесени и кривични пријави за претходното раководство. Тие непокриени површини ги намаливме од 35 000 метри квадратни на 3 до 4 000 метри квадратни. Одлагањето на пепелта е согласно законските процедури и инсталиран е и ситем за прскање на пепелета во износ од над 25 милиони денари“, рече Ковачевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани