Август 18, 2019

Street gif

СДСМ слави во Битола

Мај 05, 2019

Со зурли и тапани, аплаузи и скандирања „Стево, Стево“, СДСМ од Битола ја слави победата на нивниот кандидат Стево Пендаровски на вториот круг од претседателските избори.

 

„Со гордост соопштуваме дека идниот претседател на оваа држава е Стево Пендаровски. Тој води со над 60 000 гласови на ниво на држава и очекуваме ваквата тенденција со пребројувањето на гласовите да продолжи да расте. Граѓаните гласаа за концептот кој води напред и кажаа не на темното минато“, изјави Гого Видимче од пред Штабот на СДСМ во Битола. 

Низ битолските улици можат да се видат возила кои свират во знак на победа и од кои се вее државното знаме, а имаше и огномет. 

Инаку според првичните неофицијални податоци на ДИК,од обработени 98 проценти од гласовите Стево Пендаровски има освоени 51,72 проценти или 429 807 гласови, а Гордана Силјановска Давкова 44,67 проценти или 371 214 гласови.   59696434 281127686102469 3876955682611658752 n

59492865 631179420661882 8699365406604787712 n

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани