Webp.net gifmaker

Оставка си даде министерот што ги скуси парите за битолската култура

Мај 06, 2019

Оставка си даде министерот за култура Асаф Адеми во чие време на министерување дел од културните манифестации во Битола останаа без денар или со рапидно намален буџет.

 

Така, годинава од Националната програма за култура ни денар не доби Интернационалниот фестивал на монодрамна, кој се одржува по 21 пат, па организаторите- Центарот за култура од Битола мораа на свој грб да го понесат трошокот за одржување на фестивалот.

Лимитирани средства доби и Малиот битолски Монмартр од Министерството за култура. За ликовната колонија годинава ми одобрија 100 000 денари, четири пати помалку од лани, а ни денар за Светската изложба на која се избираат талентираните учесници на Монмартр.

Од распределбата на средствата не беа задоволни ни другите културни установи во Битола, како што се Народниот театар и Завод и музеј, фестивалот „Илинденски денови“, други фолклорни здруженија и културни манифестации.

Адеми изјави дека заминува од министерската функција поради здравствени причини. Адеми беше министер за кој Антикорупциска води две постапки. За вработувањето на сестрата на Адеми во ЕЛЕМ утврди дека има непотизам и дека местото не постоело и било креирано само за неа. Антикорупциска отвори предмет и за Пограмата за култура која Адеми ја пушти, па по реакцијата од културните работници ја ревидираше.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани