2win800x200

Жбогар и над 700 планинари на чествувањето за Мурато на Пелистер

Мај 11, 2019

Евроамбасадорот Самуел Жбогар присуствуваше на чествувањето што се одржа денес на споменикот на Мурато на Копанки, Пелистер, по повод големиот јубилеј, 30 години од освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест од страна на битолчаенцот Димитар Илиевски.

Приустните положија свежо цвеќе на спомен бистата на Илиевски, а се одржа и пригодна реч за неговото дело. Мурато беше првиот Македонец кој го освои Монт Еверест и стана голема гордост на битолчани. Над 700 планинари од земјава, Србија, Бугарија и Грција учествуваа на чествувањата на Пелистер посветени на овој голем планинар, меѓу кои и 30 традиционален планинарски марш и посета на Димев врв, каде исто така се положи цвеќе на спомен плочата на Мурато.  

Вчера и денес на Пелистер се одржа 30 –от традиционален планинарски марш „Димитар Илиевски- Мурато“ во организација на ПСК „Пелистер“ од Битола.

„Tрадиционалниот планинарски марш "Димитар Илиевски Мурато" од оваа година е  една од трите најголеми планинарски манифестации кои се случуваат на територијата на Македонија и  е под покровитлство на Агенција за млади и спорт и Федерација на планинарски спортови. Во принцип маршот е скоро идентичен по турата со изминатите маршеви. Се одвиваше на релација Ловечка куќа до врвот Пелистер. Тргнавме од Инфо центарот нагоре , рута долга 30 километри до врвот и назад, оваа патека е доста напорна. Ја поделивме во два дела годинава, оние што сакаа да учествуваат имаа можност да се качат само до Ловечка куќа, а останатите да продолжат до врвот Пелистер каде во 12 часот се прочита традиционалното писмо посветено на Димитар Илиевски Мурато, а потоа се вратимве назад кон Инфо ценаторот. Паралелно на Копанки се одвиваше друг настан каде се положи цвеќе пред бистата на Димитар Илиевски Мурато", рече Петар Нолев, член на ПСК „Пелистер“.

За оние кои сакаат да се приклучат на активностите по повод јубилејот, Општина Битола организираше автобуски превоз до Пелистер, а таму жичницата бесплатно ги пренеле планинатите и другите гости кои дојдоа да му оддадат чест на Мурато. Меѓу нив имаше деца од неколку години, до постари битолчани кои уште ги држи силата и крстосуваат низ Пелистер. 60011972 607503523060996 2154296544168247296 n

59934470 402267890613687 1580091817926328320 n

59976095 535485330555505 1148523028599013376 n

60345075 437634380390955 579942751009767424 n

59846170 678556359260482 3629981164577488896 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани