2win800x200

ПРЕД САМ ПОЧЕТОК „МОНМАРТР“ НЕМА ДОБИЕНО НИ ДЕНАР ОД ДРЖАВАТА

Мај 21, 2019

Без денар поддршка од државата, а во исчекување дека Општина Битола ќе ги помогне, во четврток започнува 38 издание на детската ликовна колонија „Малиот Битолски Монмартр“ во Битола. На два дена пред почетокот на оваа реномирана детска ликовна манифестација од Министерството за култура не пристигнале ни 100 000 денари што Детското ликовно студио од Битола ги доби од Националната програма за поддршка на културата.

„Монмартр“ се отвора со 37 издание на Светската ликовна изложба за која од државата годинава не беше издвоен ни денар.

„Мислев дека ќе бидат тотално разочаран, но со поддршката на битолчани ќе истраеме. Средства до денес не се пристигнати од ниедна страна. Тоа што ни го додели Министерството60529725 1269492469865904 2944338018577678336 n, тие 100 000 денари, ни тие не се стигнати. Ако чекавме на тие средства да ги добиеме намаше да се одржи ‘Монмартр’. Верувам дека градот нема да нѐ остави на цедило и ќе ни помогне“, рече Коста Хаџиантоновски, творец на познатата детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Досега добиле пари само од една банка која се јавува како спонзор на манифестацијата, а хотелиерите од Битола ги отвораат вратите да ги примат младите ликовни таленти од целиот свет без пари само за да се помогне битолски „Монмартр“ да опстои.

Се очекува да присуствуваат дваесет екипи со стотина талентирани деца за цртање, како и ликовни педагози. Тие од 23 до 30 мај ќе творат во Битола, цртајќи ја градската архитектура, а на 26 мај караванот ќе биде во Охрид. На свеченото отворање со огномет, со почеток од 21 часот во четврток на платото пред Детското ликовно студио во битолската стара чаршија ќе се доделат нагардите на најдобрите ликовни творци кои ќе допатуваат во Битола. За време на ликовниот караван, секоја вечер ќе има избор на најдобри поединци.60531130 700435470413324 7399566680583569408 n

60687761 342041769828944 7086449713435639808 n

60495329 846416245740086 4930780059632926720 n

60691811 676035189518429 7571095296290062336 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани