2win800x200

Петровска бара ребаланс на буџетот, ја наследи општината во долгови

Ноември 08, 2017

Да се направи ребаланс на буџетот побара од Советот градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Веднаш по превземањето на функцијата Петровска, со своја екипа, почна да прави анализа на финансиската состојба на општината, на она што наследила во општинската каса и колкави се долговите.

 

-Правиме анализа на финансиската состојба на Општина Битола за да го утврдиме нивото на долговите на општината, со тоа ќе најавиме дека има долгови, но бројките ќе се знаат допрва, кога ќе излеземе на официјална прес-конференција, бидејќи не сакаме да шпекулираме со бројки се додека не се утврдат  точно сумите, вели Петровска .

Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола , потврдува дека  ги започнал подготовките за свикување на седница за ребаланс на буџетот.  

-Законски до 15 ноември мора да се одржи седница доколу се побара ребаланс на буџетот. Нашите првични сознанија се дека се работи за огромни долгови во милиони евра кои  општината ги има по разни основи. Се надевам дека јавноста за многу брзо време ќе ги дознае вистинските долгови што бившата власт ги направила на штета на општинската каса, изјави Валентин Груевски, претседателот на Совет..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани