2win800x200

Тале Герамитчиоски и Сашо Коруновски во трка за рекор на Битолскиот универзитет

Мај 23, 2019

Универзитетските професори Тале Герамитчиоски, поранешен министер за образование и досегашниот ректор Сашо Коруновски се двајцата кандидати на изборот за рекор на Универзитетот „Св. Климент Охридки“ во Битола.

 

Гласањето на сите единици на УКЛО ќе се спроведува на 29.05.2019 , односно во четврток идната недела, од 12 до 14 часот. Право на глас за избор на ректор имаат 270 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот.

Гласачкото ливче е веќе дефинирано и под број еден ќе биде кандидатот Герамитчиоски, а под број два досегашниот ректор Коруновски.

Герамитчиоски е од Прилеп, дипломирал на Машински факултет - Скопје. Магистрирал и докторирал на истиот факултет. Работел како инженер - програмер на НЦ - Машините во наменскиот погон на фабриката „Енергоинвест - 11 Октомври“ - Прилеп. Тој е редовен професор на Технички факултет - Битола. Членува во многу здруженија. Бил претседател на Советот на факултетот, раководител на машинскиот отсек и други раководни функции на факултетот и Универзитетот. Бил пратеник на Собранието и заменик министер за образование и наука. Има објавено многу трудови. Член на Македонското научно друштво - Битола.

Досегашниот ректор Сашо Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а потоа магистрирал и докторирал на историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на многу научни тела, автор на бројни научни трудови. Пред четири години беше избран за ректор на Битолскиот универизтет.

Од Универизтетот за Апла.мк соопштија дека постапката за избор на ректор се одвива непречено, во согласност со роковникот на активности.

Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор.

Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на Ректор во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и Упатството за постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Сенатот на УКЛО избра Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Мирослав Андоновски, од Економекиот факултет – Прилеп.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани