Бугарскиот министер за образование во посета на Општина Битола

Мај 28, 2019

Образовниот процес и можностите за  натамошна соработка на двете земји на ова поле, беше во фокусот на раговорите при денешната средба на министерот за образоавние на Бугарија, Красимир Влчев и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

- На работната средба разговаравме како можеме со помош на Република Бугарија да имаме идна соработка по сите нивоа. Соработката треба да биде од програмски концепт, од аспект на размена на наставен кадар, на нивните искуства, но и можност на учениците да флуктуираат од двете страни на границата, размена на искуства кои што ќе отворат нови перспективи. Исто така, тука е и искуството кое што го има Република Бугарија во однос на искористувањето на европските фондови, кое за нас е многу значајно и претставува поле во кое можеме сериозно да соработуваме, рече истакна градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Оваа средба претставува почеток на продлабочување на следни иницијативи за настани кои што треба да дадат придонес во делот на образованието во Општина Битола.

- Голем дел од основните и средните училишта, но и факултетските единици во двете земји се партнерски поврзани. Она што треба ние, како лица од власта да направиме, е да создадеме можност за општи програми на факултетите, за да може тие да бидат поврзани во универзитетски мрежи, кои ќе бидат и дел од европските универзитетски мрежи, во кои ќе членуваат и земји што не се дел од ЕУ. На Балканскиот полуостров треба да создадеме повеќе такви регионални универзитетски мрежи. Тоа е преспективата за нас, тоа е можноста нашите деца да се чувствуваат поисполнети, живеејќи и работејќи на нашите простори“, рече бугарскиот министер Красимир Влчев.

Бугарскиот министер за образование рече дека  последните години има околу 700 македонски студенти на сите факултети во Бугарија. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани