Преку проект поддржан од ЕУ, битолската болница ќе добие дигитален мамограф

Мај 30, 2019

Дигитален мамограф, дијагностичка опрема која е дефицитарна во Клиничката болница во Битола ќе се набави преку проектот за меѓугранична соработка поддржан од Европската унија. Тендерот е веќе во тек , а се очекува набавката да заврши до крајот на ова лето. Во рамките на проектот ќе се реализира скрининг на одрдени целни групи пациентки за превенција на карцином на дојка,а исто така ќе има и скринизни за карцином на матка

{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=tHscfd5f4NQ{/YouTube}

-Веќе е извршено мапирање на теренот во кои подрачја во Битола и околината има најмалаку жени кои што имаат извршено мамографски преглед или ПАП тестови. Во тој скрининг ќе бидат вклучени жени кои ќе бидат одбрани од лекарскиот проектен тим, др. Николина Ристевска, гинеколог и др. Александар Димовски, рендгенолог, кои ќе го вршат скринингот. Во мапирањето што го изврши Министертсвото за здравство на Македонија, кое е еден од партнерите во проектот, ќе бидат опфатени Битола, Новаци, Претор, Грнчари и Меџитлија , како дел од пограничниот регион со Грција, рече Билјана Христовска, раководител на АОП службата во Клиниќка болница Битола

Населението на поединечни инфо денови детално ќе биде информирано за важноста на ове скрининзи за жените.

-Имаме и статистика дека мал број на жени извршиле мамографски прегледи, посебно овие понепристапи подрчаја. Ќе биде овозможен бесплатен скрининг за најмалку 200 жена кои ќе бидат донесени со организиран превоз до битолската болница каде ќе се изврши мамографски преглед и ПАП тестови, по што ќе следат резултати, информирање што понатаму да преземат, итн, рече Христовска.

Во последните 5 години во Македонија 53 жени починале од рак на грло на матка, а редовните гинеколошки прегледи се исклучително значајни за да се спречи ова тешко заболување.

-Дијагнозата се поставува со скрининг процедури, биопсија и имиџинг методи. Скринингот со ПАП тест може најдобро да ги идентификува тие преканцерогени промени , а доколку навреме се лекуваат, може да се спречи појавата на карцином на грло на матка. Исто така, карциономот на грло на матка може да се превенира и со вакцина против ХПВ-вирусот, со оглед на тоа што високоризичниот тип 16 и 18 во 72 посто случаи се причина за карцином на грло на матка. Најновите препораки се да се подигни свеста кај женската популација да одат на редовни гинеколошки прегледи, вели гинекологот Николина Ристевска, која е вклучена во овој проект.

Статистиките во Македонија се поразителни и по однос на избор на матичен гинеколог од страна на жените, но и по бројот на прегледи.

-Статистиката покажува дека само 55 проценти од женската популација во Македонија имаат избрано матичен гениколог. Од овие жени коишто имаат матичен гинеколог кај 44 проценти се испратени покани за да направт ПАП тест, а направиле само 27 проценти. Односно бројот на жени кои што во континуитет правата ПАП и ХПВ тестови е само 15 проценти во Македонија. Новите препораки велат жените меѓу 30 и 65 години потребно е на секои 3 години да прават ХПВ тест, а под 30 години да прават ПАП и ХПВ тест. Затоа што се знае дека во 72 проценти од случаите причинител на карцином на грло на матка е вирусот ХПВ тип 16 и 18. Има вакцини, имаше четиривалентна, сега има и деветвалента, се вакцинираат, девојчињата меѓу 9 и 13 години, во три дози за време од 6 месеци, вели Ристевска.

Проектот кој предвидува набавка на дигитален мамограф, мамографски прегледи и ПАП тестови е финснсиран од Европската унија, а со 15 проценти учествува и Министерството за локална самоуправа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани