Street gif

Ексклузивно: Наставничката од Трново руинираната училница ја претвори во бајка

Јуни 04, 2019
Фото: Горан Петровски-Фото студио ПИНК Фото: Горан Петровски-Фото студио ПИНК

Училницата во старото руинирано училиште во битолското село Трново, одделенската наставничка Ленче Илиевска, ја претворила во шарена бајка.

Со години небојадисаните, испукани ѕидови, се покриени со постери и апликации кои се во функција на воспитно-образовниот процес, а старите прозорци се украсени со завеси во разни бои, така што училницата е пријатно катче за шестте ученици од Трново и Магарево кои овде следат настава од прво до петто одделение. Подрачното училиште во Трново е дел од битолското основно училиште „Трифун Пановски“, а креативната наставничка Ленче оваа бајка ја создала со сопствени средства, но и со поддршка од родителите.

DSC 1173

-Кога дојдов пред 9 години, училиштетот го затекнав во катастрофална состојба. Сликата беше морбидна и повеќе личеше на затвор. Одлучив да го променам амбиентот, но, со оглед на состојбите во образованието, морав да се снаоѓам со финансиии, па поголем дел од работите ги купував и се уште ги купувам сама, ги изработувам дома и ги носам во училницата. Но, имам поддршка и од родителите, вели Илиевска.

DSC 1174

Таа постојано ја преуредува училницата и вели тоа го прави во зависност од годишното време.

DSC 1175

-Ако сега ја посетите училницата, во неа се чувствува пролет, додека пак во зима имаме зимски, а во есен есенски амбиент. Но, вложениот труд навистаина се исплати, затоа што тоа влијае врз децата, имаме подобра работна атмосфера, а тие се среќни. Исто така, имам многу нагледни средства што ги користам за реалзиација на часот. Тоа многу помага, вели креативната наставничака.

DSC 1176

Кога пред 9 години дошла во училиштето во Трново, затаекнала тоалет надвор од објектот и покрив кој прокиснувал.

DSC 1181

-Во училиштетот немаше ниту тоалет, ниту вода. Но, со донација од црквата и  во организација со родителите, заедно со наставничката Ирена Николовска која во тоа време беше во работен однос во Трново, успеавме да го направиме тоалетот внатре во објектот, а се разбира беше донесена и вода. Тоа го направивме по првата година окако дојдов во ова училиште, односно во  2011 година. Соработката со родителите е одлична и заедно со нив обезбедивме ќерамиди и го  променивме и дел од покривот кој прокиснуваше.Сега одлучив повеќе да не учествуваме на Велигденскиот панаѓур, а парите кои родителите од Трново и Магарево ги даваат за таа намена, ќе ги пренамениме за да се бојадиса училиштето, затоа што тоа со години не е направено. Училницата е маскирана, тоа не се гледа, но, ѕидовите се во ужасна состојба, има и влага, а еден ѕид може да падне. Тоа мора да се санира, вели Илиевска.

DSC 1182

Неодмана по нејзина иницијатива воспоставила соработка со најголемото училиште од Малме, Шведска, а претставници од таму го посетиле училиштето во Трново, го следеле настваниот процес и сега наставничката Илиевска очекува донација за да се замени стариот и дотраен училишен мебелво училиштетот во битолското село Трново.

DSC 1184

DSC 1177

DSC 1185

DSC 1186

DSC 1187

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани