Street gif

Стрежево со сопствени средства го обнови возниот парк, ќе гради и фотоволтаична централа

Јуни 06, 2019

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола пред овогодинешната сезона за наводнување со сопствени финансиски средства го обнови возниот парк. Набавени се шест теренски возила, трактор и приколка, мулчер и десет мопеди, инвестиција вредна 100 000 евра. Средствата се обезбедени преку домаќинско работење на претпријатието и рационално трошење на средствата.

 

Возниот парк се поднови детално со следниве возила:

-три теренски сандучарски возила со погон на четири тркала тип Greatwall steet 6 (две за Сектор за детална цевководна мрежа, едно возило за Сектор градежно одржување)

-три теренски возила со погон на четирите тркала, тип лада нива (по едно возило за Секторите Брана, производство на електрична енергија и машинство)

-Трактор тип Solis за Сектор собирен канал, за првпат се набавува во ова ЈП

-Приколка за трактор

-Мулчер (ќе се користи за собирен канал, доводен канал, стопански двор, брана и ски центар)

-десет мопеди (наменети за зафати за вода на собирен канал, главен канал и брана).

Со набавката ќе се овозможи навремено, брзо и поекономично работење на Хидросистемот.

„Неминовна беше потребата за вложување во возила. Ние ќе придонесиме за побрзо, порационално искористување на возниот парк и побрза интервенција во оние делови на Хидросистемот каде што има потреба за да ги намалиме дефектите, навреме да ја затвориме водата доколу настане дефект и да не направиме штета на земјоделските култури и секако важен е и економскиот дел зашто помалку ќе трошат и помалку ќе имаме издатоци за горива“, рече директорот Методија Граматковски.62064644 336446143642315 4819246021018124288 n

61855661 2715318538540582 6321604308185907200 n

61880245 367223570595307 7649159737098895360 n

62115431 603275986748920 109459973137760256 n

62101853 194026234844885 863910810206863360 n

62178982 645471609301754 8490604535453057024 n

За првото тромесечие нето добивка од над 10 милиони денари

Минатата година ЈП „Стрежево“ успешно ја заврши, како што рече директорот со домаќинско работење, рационално трошење на средствата што доведе до зголемени приходи, зголемена наплата на побарувањата и намалување на непродуктивните трошоци. Инвестираа во електрична опрема на патеката и паркинзите на Ски центарот „Нижеполе“, во опрема за мониторинг на вибрации во хидроцентралите , опрема за видео надзор на главниот канал, проширување на мрежата за наводнување во село Лисолај и Горно Оризари, изградба на засолниште од невреме на брегот на акумулацијата, изработка на интегриран софтверски пакет за успешно работење.  

„Во овој период од доаѓањето на новото раководство ЈП нема никакви дотации, донации и кредити. Билансот на успехот во првото тромесечие од тековната година е позитивен. Така во ова тромесечие (јануари-март 2019) во споредба со ланското тромесечие (јануари-март 2018) приходите се зголемени за 19,1 процент или билансот на успехот во ова тромесечие е со нето добивка без амортизацијата од над десет милиони денари“, додаде директорот.

Фотоволтаичната централа ќе ја гради на свое земјиште

Ваквите финансиски показатели овозможуваат ЈП „Стрежево“ да продолжи со инвестиции. Во престојниот период ќе вложуваат во софтвер за динамична регулација, во хидромеханичка и електроенергетска опрема, реконструкција на цевководите и проширување на мрежата во селата Породин, Секирани и Габалавци, а ќе се вложува и во ски центраот во Нижеполе со промена на сајлата од ски лифтот Сапунчица.

„Но, најголемата инвестиција во претпријатието за оваа 2019 година, за што доби дозвола од Владата во јануари, ќе биде отпочнување со градба на фотоволтаична централа со моќ од 500 киловати. Ќе ја градиме на наше земјиште од сопствени финансиски средства обезбедени од домаќинското работење и штедењето на претпријатето. Со фотоволтаичната центра бенефит покрај претпријатието, ќе има Битола и околината зашто ќе продонесе кон заштита на животната средина. Централата ќе се гради на објектот Брана каде имаме пристапни патишта, наша разводна 35 киловолтна постројка и наш сопствен далековод“, додаде Граматковски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани