2win800x200

Владата ќе обезбеди пари за Офицерскиот дом во Битола и споменик на Тоше Проески во Крушево

Ноември 09, 2017

Владата ќе обезбеди средства за обнова на Офицерскиот дом во Битола. Исто така, од државниот буџет ќе се обезбедат пари и за изградба на споменик на вечниот дом на македонската поп-икона Тоше Проески во Крушево.

Информацијата  вечерва ја објави министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на својот фејсбук профил

alagozovski

Оваа одлука е донесена на вечерашната 37 седница на Владата на која се разгледа  и усвои Предлог Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и донесен е  заклучок предлогот за буџетските трошоци за наредната година да биде пуштен во постапка на дебата и усвојување во Собранието на Република Македонија.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани