Август 23, 2019

Street gif

Битола доби пари за четири проекти преку Програмата за рурален развој

Јуни 09, 2019

Во наредниот период во Општина Битола ќе се гради делот од Зелениот  градски пазар каде се продава бижутерија и цвеќе, ќе се реконструира патот за Маловишта, ќе се реконструира и патот за селото Буково, а ќе се прави и  парк во село Лопатица. Ова се четирите  проекти за кои Општина Битола доби пари  преку Програмата за рурален развој.

 

-Општина Битола конкурира со четири проекти на повикот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието. Сите четири проекти се одобрени и Битола ќе добие пари за реализација на истите. За секоја програма можеше да се учествува со по еден проект, а Битола го доби максимумот, потврди за Апла.мк  претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски.

Според Груевски во текот на овој месец се очекува да бидат потпишани договорите.

-Единствената пречка е тоа што пазарот во Битола се наоѓа во старото градско јадро и дозволите за негова изградба се многу покомплицирани и се добиваат од Управата за културно наследство. Сите овие проекти се гласаа од Советот на Општина Битола и тоа на по два пати секој проект,  објаснува Груевски.

Вчера министерот за земјоделство Лупчо Николовски објави дека со 202 капитални проекти изработени од 80 општини и 8 Плански региони, создадени се  услови за подобар и достоинствен живот за граѓаните во сите општини во државата.

-Започнавме со потпишувањето на решенијата за проектите на сите општини и плански региони, со коишто ќе имаме реализација на капитални инвестиции во делот на локална патна инфраструктура, патишта за поврзување на населени места, за поврзување на селата, домови за култура , изградба и реконструкција на пазари, инвестиции во водоводна и канализациона мрежа, различни тип на инвестиции во делот на руралниот туризам.

Ова се дополнителни 38 милиони евра коишто ги обезбедивме преку Програмата за рурален развој и коишто ќе бидат инвестирани во капитални инвестиции за потребите кои се најважни за граѓаните, а ќе го поттикнат и регионалниот економски раст, објави Николовски.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани