Street gif

Марија и Томас Русенгрен со нова донација за Битолската болница вредна 250 000 евра

Јуни 12, 2019

Шведска донација во вредност од 250 000 евра денеска беше донесена во Битолската клиничка болница од хуманитарната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска и познатите хуманитарци Марија и Томас Русенгрен.

-Марија и Томас Русенгрен од хуманитарната организација ХЕНД ТИЛ ХЕНД од Шведска повторно не почестија со уште една голема донација во вредност од 250 000 евра. Донацијата се состои во кревети, столици, потрошен материјал за операционите сали и одделенијата за Интензивна нега, многу апаратура  за Физикалното одделение, постелнина, апарати за Кожното  одделение и  за Интензивна нега. Во донацијата има и оперативен стол, монитор за САРИЛ , радијатор за Физикално одделение, шкафчиња, велосипеди за Физикална, душеци , наткасни. Соработката продолжува и понатаму.Голема благодарност до нашите пријатели од Шведска, изјави  портпаролот  на Клиничка болница Битола, Сузана Конеска.

bolnica 5

bolnica 4

bolnica 3

bolnica 2

bolnica 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани