Поскапува такси превозот во Битола?!

Јуни 18, 2019

Таксистите од Битола бараат стартот да поскапи од 20 на 30 денари и цената да се зголеми за плус 3 денари од километар .

 

Здружението на лиценцирани такси превозници бара од Советот  на Општина Битола усогласување на цената на такси услугите поради зголемување на трошоците кои влегуваат во определувањето на цената на такси превозот.

-Цената на такси превозот не е зголемена веќе 10 години , а ни се покачени сите трошоци околу такси услугите. Поради овие причини апелираме до сите политички партии кои партиципираат во Советот на Општина Битола да го поддржат нашето барање.

бараме стартот од 20 денари да биде 30 динари, а за секој изминат километар наместо 20 денари да се наплаќа 23 денари. Се надеваме дека и граѓаните се свесни за потребата од ова наше барање, вели Слободан  Јанковски од Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола.

таксисти

received 344859086199853

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани