2win800x200

Официјално: Златко Ќурчиевски е новиот лидер на СДСМ во Битола

Јуни 27, 2019

Златко Ќурчиевски, истакнат кадар на СДСМ, поранешен советник, а сегашен помошен директор за производство во РЕК е новиот претседател на Општинската организација на СДСМ ВО Битола. Од партијата и офицаијално го потврдија неговиот избор. Ќурчиевски за Апла.мк вели дека посветено со сите сили ќе работат на исполнување на дадените предизбодни ветувања. 

 

„Ќе работам на консолидирање на партиските редови, СДСМ останува подбеднична партија, ќе продолжиме да работиме посветено со сите сили на исполнување на веќе дадените предизборни ветувања“, изјави Ќурчиевски. 

 Како советник додека СДСМ беше опозиција беше еден од најжестоките критичари на поранешната власт и еден од најактивните дискутанти во Советот на Општина Битола. 

Тој како лидер на СДСМ доаѓа на местото на неодамнешниот претседател Менде Тасевски. Избран е да ја води партијата во конкуренција од дваесетина кандидати од Битола кои се имаа пријавено за  челното место на партија во Битола.   

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани