2win800x200

Читателите предлагаат нови наслови во Битолската библиотека

Јули 04, 2019

Битолската библиотека опреми катче каде читателите можат да остават предлози кои нови книги би сакале да ги позајмат и прочитаат.

 

„Предложете ни наслови на книги кои сакате да ги читате, за стручна литература која ви е потребна, литература која се однесува на корисни совети за домаќинство, начини на одгледување на билки, запознавање со некои нови вештини, корисно поминато слободно време и уште многу многу различни содржини. За да ја пронајдеме КНИГАТА ЗА СЕКОЈ ЧИТАТЕЛ користете го правото на изборот и не заборавајте да го контактирате вашиот омилен библиотекар. Не заборавете дека без добра книга не можете да ги поминете летните денови“, порачаа од Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“.

Библиотеката веќе неколку години работи на програмите кои се дел од потребите на заедницата. Во таа постојана интеракција со многу различни партнери и соработници креираат културната политика, а пред се култура на читање.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани