Street gif

Цела Битола беше дадена за кирија од 2000 евра колку за дуќан на Широк Сокак, рече Валентин Груевски

Јули 04, 2019

За 2000 евра, колку што чини месечна кирија за дуќан на Широк Сокак, претходната локална власт му ги дала јавните површини во градот на довчерашниот концесионер за паркинзи, обвини претседателот на Советот Валентин Груевски за време на денешната расправа за новото Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен локален простор за паркирање.

„Општина Битола концесијата на поранешниот концесионер за паркинзи му ја имаше дадено за 2000 евра. Тој што досега стопанисуваше со паркинзите, на Општина Битола требаше да ѝ плаќа 2000 евра. Тоа е кирија за дуќан на Широк Сокак. Цела Битола е дадена за 2000 евра, кои по судкси постапки се намалија и останаа околу 1500 евра, концесиски надомест кој мислам и дека нередовно е плаќан. Од ‘одговорното’ работење имавме 1500 евра месечно во касата на општина Битола, кирија за паркинзите“, рече Груевски.

На денешната седница на Совет од независната советничка група „Поинаку“ критикуваа дека се доцни со постапката, дека не е направена нова сообраќајна студија и анализа и дека новото јавно претпријатие нема да го реши проблемот со сообраќајниот метеж зашто не се предвидени нови места за паркирање.

„Бројот на паркинг местата ќе биде ист. На нашето прашање дали ќе има катни гражи ни беше кажано дека тоа е голема работа за новото претпријатие. А на 27 септември 2017 година во тогашната кампања советничката група на СДСМ и коалицијата излезе со прес дека ќе изградат катни гаражи. До денес немам информација дека некаде се планираат. Во Битола во 2018 година имало регистрирани 22 800 автомобили , а паркинг места предвидени 1968, од кои 272 се затворени и 1678 отворени. Голем дел од сопствениците на возилата живеат во зона А и Б и ќе треба да си купат повластена карта за да паркираат пред куќа. Требаше начинот на работа да се менува, а не да останеме на старите сообраќајни решенија и анализа што ги критикувавме во изминатите шест години “, рече Габриела Илиевска од Поинаку.65817805 2288191721441141 7684830703212560384 n

Анита Ангелевска, советник од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, ја крикитуваше програмата на новото Јавно претпријатие и тоа што вработените ќе бидат ангажирани по пат на оглас. Олга Лозановска од истата партија рече дека во програмата не пишува колку вработени и со какво образование ќе има, а предвидени се средатва за плата од 1 400 000 денари. Додаде дека со ваков режим на сообраќај на зима уште повеќе ќе биде загаден воздухот. 

Претседателот на Советот Груевски на критиките дека не нудат ништо, одговори дека нудат тотална спротивност на она што беше во изминатите шест години. Тој иронично рече: „Можеби опозицијата ќе беше среќна ако продолжеше ова и можеби им е многу криво што претходната концесија место на шест не ја потпишаа на 60 години, така ќе бевме сите рает , ќе беше решен проблемот со паркирањето, немаше да има хаос по улиците, вработените ќе беа задоволни со платата што ја земаат, а општината ќе беше среќна со концесијата што ја добива од концесионерот“.

 На прашањето дали Јавното преторијатие ќе ги чисти паркинзите, Груевски рече дека сега излегле многу душегрижници кои за ова се заинтереирани, а заборавија дека во договорот со претходниот концесионер тоа било задача на Општината. Околу дискусијата за вработените тој јавно праша  дали  во оваа држава постои друг закон да се вработи лице во јавно претпријатие, а тоа да не е на конкурс

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани