2win800x200

И загадениот воздух настрада од популизам

Ноември 13, 2017

Советот на Општина Битола денеска  не ја изгласа реализацијата на краткорочните мерки за справување со загадувањето. Опозицијата предложи Општината во соработка со Агенцијата за патишта да забрани движење на товарни возила во центарот на градот, освен за оние за снабдување со леб и лекови.

Да се користи обиколницата над градот , општината да ги чисти секој ден улиците околу градилиштата, миење и машинско чистење на улиците во градот  и прскање со калциум- магнезиум- ацетат. Власта, пак,  побара за реализацијата на мерките да се причека, додека не се расчисти ситуацијата со свлечиштето на обиколницата над Битола, на што во моментот работи Општината.

Деветте советници на опозицијата гласаа „за“, 17 советници од власта гласаа „воздржано“, додека пак двајцата независни советници од „Поинаку“ не се изјаснија.

За опозицијата воздржаноста на советниците од власта за изгласување на краткорочните мерки е лицемерие, бидејќи тие додека биле на власт сите можни мерки ги изгласале и ги реализирале.

-Како опозиција одлучивме навреме да се донесат краткорочните мерки  со што би се намалил ризикот од тоа загадување,  би се намалило времетраењето на изложеност на тие ПМ честички. Ние како опозиција го предложиме тоа се со цел подобрување на квалитетот на воздухот . Воздухот  сите ние го дишиме,а  власта наеднаш се оградува, гласа воздржано,  истите тие до вчера излегуваа со маски зборуваа дека е загаден воздухот, дека ние го загадуваме , јас навистина сум изненадена, рече Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ.

На претседателот на Совет, Валентин Груевски , пак му беше особено мило што партијата ВМРО-ДПМНЕ после 6 години игронирање на проблемот со загадувањето сега се заинтерсирала за загадувањето на воздухот поставувајќи точки на дневен ред.

-Така гласавме од единствена причина бидејќи технички тие  мерки се неостварливи.Обиколницата околу Битола не е во функција повеќе од година дена. Тоа е работа којашто досега требаше да ја одговори ВМРО-ДПМНЕ и да ја отвори обиколницата како власт и да се загрижи, тоа не го направија. Во моментот се работи на отстранување на надостатоците и санирање на свлечиштето, после тоа можеме да разговарме за ваквите мерки, рече Груевски. Тој  на   опозиционерите  им предложи краткорочните мерки да ги достават до комисиите и потоа да се изгласаат на Совет .

-Значи немаме никаква причина да не ги гласаме, кога ќе се создадат реални услови, рече Груевски.

Советниците од „Поинаку“ пак сметаат дека Битола денеска е во класично светло на партизација.

-Додека едните кои вчера беа на власт и велеа дека воздухот во Битола е чист , или дека се расипани мерните станици, или дека загадувањето е цел на божјите сили денес стануваат и ги бараат истите мерки кои во 2013 година, се изгласани од овој Совет да бидат спроведени, и тоа од советник кој во неколку наврати гласаше против иницијативите за споведување на мерките .  Денес бившата опозиција, сегашна власт на истиот начин гласа воздржано, за мерките кои треба да спроведат за загадувањето во Битола. Ние како независни советници гледаме дека нема потреба да се гласа бидејќи се работи за класичен популизам, рече Габриела Илиевска од „Поинаку“, апелирајќи дека краткорочните мерки може да се спроведат, доколу се има волја во координација на локалната и централната власт..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани