Меѓународна конференција во Битола: Нема рамномерен регионален развој, потребно е да се намали диспаритетот

Јули 10, 2019

Со меѓународни искуства ќе се изработува нова стратегија за рамномерен регионален развој во државата. Законот кој е донесен пред 10 години не ги даде очекуваните резултати, па постои голем диспаритет не само меѓу регионите, туку и во рамки на регионите.

-И покрај тоа што 10 години го имаме Законот за  рамномерен регионален развој, ситуацијата не е најдобра. Останува уште многу да се сработи. Владата е посветена ова прашање да биде високо на нејзината агенда, со цел сите региони да се развиваат подеднакво, а со тоа и да се подобрува квалитетот на животот на територија на цела држава. Степенот на развиеност се разликува од плански до плански регион. Најнеразвиен е североисточниот плански регион, а најразвиен е скопскиот, пелагонискиот е некаде на четврто место. Токму затоа преку статегијата која треба да се донесе во следните 10 години треба да се даде патоказ што треба да направиме за тие разлики да се намалуваат, рече заменик министерот за локална самоупрва Дејан Павлески.

Тој рече дека буџетото што е на располагање за поттикнување на рамномерниот регионален развој е 7 милиони евра и е двојно зголемен во однос на изминатите години, но потребна и рамномерна распределба на капиталните инвестиции. 

-Од буџетото на државата има 400 милиони евра за капитални инвестиции и навистина желбата на Владата е голем дел од тие средства да бидат наменети за рамномерен регионален развој, но тоа треба да биде пресликано во соодветна законска регулатива и во стратегија. Досега навистина се издвојувале помалку средства и главните капитални инвестиции биле концентрирани во главниот град или во неколку центри во државата. Тоа е главниот проблем. Она што треба да се направи е да се влезе во капитални инвестиции во целиот регион, рече Павлески.

Денеска во Битола започна дводневната Меѓународна конференција за одржлив рамномерен развој во Пелагонискиот планкси регион.

-На оваа дводневна конференција своите искуства за концептот  за регионален развој ќе ги презентираат 14 експерти. Дел од тоа што ќе биде презентирано ќе ни биде основа за изработка на програмата за развој на Пелагонискиот плански регион од 2020 до 2024. Регионалниот развој е генерално нов концепт во нашата држава, тоа е комплексен и долг процес за намалување на диспаритетите меѓу регионите и во рамки на регионите, рече Гого Видимче, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Проектот е поддржан од Швајцарската агениција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани