2win800x200

Големо невреме во Преспа, предизвикана огромна материјална штета (видео)

Јули 10, 2019

Ураганско невреме ја зафати Преспа вечерва,  а жителите од овој крај на социјалните мрежи споделуваат видеа и фотографии од дождот, градот и силниот ветер кој  корнел дрвја, бандри  и носел покриви од куќи. Најпогодени биле селата во  Долна Преспа, каде невремето направило пустош во овоштарниците. 

Познатиот режисер Јане Бојаџи на својот ФБ објави видео со невремето во Преспа и напиша: Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу "природа"!
{YouTube}https://www.youtube.com/watch?v=-vCaE5EaOXw&feature=youtu.be{/YouTube} Јане Бојаџи
 
Туристите кои се сместени во некои од турситичките капацитети на Преспаснкото езеро велат дека по невремето сега без струја се делови од Преспа, а од соборените дрвја и бандери блокрани се некои патишта до преспаснките села.
 
Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски, за Апла.мк потврди дека невремето предизвика огромна материјална штета и во овоштарниците во селата во Долна Преспа, но за среќа нема повредени или жртви, но, месното население е вознемирено и уплашено. Вели дека се расчистува патот кој води кон селата во Долна Преспа, а екипите на Противпожарната единица се на терен. Известени се сите надлежни институции. 
Од Центраот за управување кризи јавија дека силно невреме со силен дожд и ветер го зафати село Крани и автокампот „Крани“, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.

Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без електрична енергија. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. 

IMG 8c3925492128d3cd88f8b7b7cf7d8c64 V
 
 IMG 7e7bf321827975f38b88b7039f34658a V
Инаку попладнево целата држава е зафатена од обилни дождови, некаде  проследени со електрични празнења, а невремето ги спушти температурите за десеттина степени. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани