Webp.net gifmaker

До крајот на годината ќе се избере фирма која ќе ги реконструира филтрите во РЕК

Јули 13, 2019

До крајот на годината ќе се избере фирма која треба да изврши реконструкција на електростатските филтри во РЕК „Битола“ со што испуштањето на ПМ 10 честичките петкратно ќе се намали. Ова беше соопштено на денешната работна средба на заменик претседателката на Владата и актуелен министер за одбрана Радмила Шекеринска со раководството на РЕК „Битола“ предводено од генералниот директор Васко Ковачевски.

 

„Здравјето нема цена и затоа рековме дека таму каде што државата е сопственик нема оправдување. Оваа година, РЕК покажа дека зборот важи, веќе е започната постапката, првиот дел е завршен и очекуваме до крајот на годината да имаме практично договор со кој целиот систем на животната средина ќе се модернизира и перформансите ќе се подобрат петкратно. Ако границата до сега била 100 милиграми, сега паѓа на 20 милиграми и тоа овозможува производството да тече со намалено негативно влијание врз животната средина“, рече Шекеринска.

Генералниот директор на РЕК Ковачевски истакна дека од постапката за реконструкција на електростатските филтри заврши првата фаза од евалуацијата на понудите. Од 9 присигнати понуди, седум продолжувaат во следна фаза.

„На овој прокет треба да посветиме големо внимание, проект тежок над 20 милиони евра , проект во кој не смеат да се повторат грешките кои што се направиле во минатото со ревитализацијата на котлите, кога се доадоа парите, а не се постигнаа перформансите. Очекувам постапките да ги завршиме до крајот на годината, да имаме избран економски оператор и следствено на тоа следните три години, во по една година да ги правиме филтрите на секој од блоковите“, рече Ковачевски.

Тој најави дека во тек е уште една капитална инвестиција, овој пат врз разладната кула на Блок 2, вредна 6 милиони евра.

„Од 15 август веќе ќе имаме изведувач. На оваа разладна кула ќе постигниме техничко-технолошки перформанси, а ќе ги подобриме еколошките перформаси бидејќи внатре има 3500 тони азбестно-цементен материјал кој треба во текот на следната година да се извади и соодветно да се складира“, додаде Ковачевски.

Додаде дека во изминатите година и половина посветиле големо внимание на стабилизирање на системот за производство на електрична енергија. Во првите шест месеци од годинава го надминале планот за производство за 16 проценти, како и минатогодишното производство за истиот период за речиси 77 проценти. Во исто време ги намалиле и трошоците за работа, па во првото полугодие годинава заштедиле 650 милиони денари.

Министерката Шекеринска изјави дека изминатата година многумина создавале паника кај јавноста дека либерализацијата на пазарот со електрична енергија ќе значи покачување на цената на струја. Но, со домаќинско работење како ова во РЕК се докажало дека постигнале тројна цел, електричната енергија да биде на располагење по исти цени за граѓаните и фирмите, зголемено домашно производството на струја на сметка на поранешниот увоз и воведување на евтината тарифа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани