Повредени десет ученици од Демир Хисар во сообраќајка

Ноември 14, 2017

Десет ученици од демирхисарското основно училиште „Гоце Делчев“ се здобиле со полесни телесни повреди утрово во сообраќајна несреќа што се случила на патот Демир Хисар-Кичево помеѓу автобус во кој се превезувале демирхисарските ученици и комбе.

Од Клиничката болница во Битола за Апла.мк соопштија дека учениците биле пренесени во болницата, прегледани и пуштени на домашно лекување.

Посериозно повреден е возачот на комбето, С.С. (56) од Крушево кој се здобил со скршеници на карлица и долните есктремитети, па е задржан ан лекување во Клиничката болница. Возачот на автобусот со полесни повреди бил пуштен на домашно лекување.

Според полицискиот извештај, сообраќајната несреќа се случила околу 7.30 часот помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано ид С.С. од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар. Во автобусот се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“од Демир Хисар, а десетина биле повредени. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани