Жбогар гледа позитивно на откривањето на ,,Рекет", вели дека нема причина за политичка криза

Јули 22, 2019
Евроамбасадорот Самуел Жбогар денес во Новаци рече  случајот ,,Рекет" покажува дека јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваат да работи на вакви случаи. 
 
,,Се трудам да  го гледам случајот од позитивна гледна точка. Овој случај покажува дека јавното обвинителство се бори против корупцијата, дека поставува судска пракса  за борба против корупција на високо ниво и го поддржуваме јавното обвинителство да биде поангажирано и да работи на вакви случаи", рече Жбогар. 
 
Тој додаде дека нема причина за политиќка криза, функционираат институциите и самото СЈО. Рече дека 
точно е оти Јанева даде оставка и тоа е земено во предвид, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември, дотогаш има доволно време политичките партии да размислат како ќе продожи работата на СЈО. Има време тоа да се реши. 
 
,,Во однос на Јанева има многу шпекулации и не сакам да навлегувам во тоа. Факт е дека СЈО беше многу корисно и важно за случаите што ги покрена. Таму има концентрирана е голема експертиза и знаење и кај обвинителите и кај истражителите и треба да се искористи и понатаму тоа знаење, може понатаму да се интегрира и зачува тоа знаење", рече Жбогар. . 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани