2win800x200

Општина Битола ќе набави две возила на електрична енергија

Јули 24, 2019

,,Започнуваме со значаен проект за општината и тоа интегриран систем за зелен транспорт. Ќе бидат набавени две електро-транспортни возила, мини бус и помало возило, кои ќе бидат ставени во функција на граѓаните и ученици. Проектот опфаќа и систем за полнење на овие возила со електрична енергија", рече градоначалничката Наташа Петровска. 

Во проектот „Интеграција на зелен транспорт во градовите“ вклучени се и општините Битола, Ресен од македонска страна, а од грчка страна Лерин и општинското претпријатие од Преспа, па за сите четири општини ќе има по две возила или вкупно осум. Воедно ќе бидат поставени и четири станици, по една во секоја од општините за полнење на батериите на возилата со примена на соларна енергија.

Во проектот се вклучени и Технолошко образовниот институт од Грција и Универизтетот Патрис од каде ќе бидат вкучени и професори.

„Ќе обезбедиме електрични возила за општините во пограничниот регион и буџетот е над еден милион евра преку програмата за прекугранична соработка и ИПА фондовите“, рече Димитрис Стимоњадис, професор од Кожани.

Целта на проектот е примена на обновливи извори на енергија и да се дизајнира и примени енергетски ефикасен регионален зелен транспорт кој ќе се користи за секојдневен транспорт на ученици, спортисти и олеснување на секојдневниот превоз на жителите во општините.

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани