Битола е град кој има стратешка позиција во економскиот и политичкиот живот во земјава, рече Рикер

Јули 25, 2019

Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија и амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз денес оствариja средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. 

 

Изјави на новинарски прашања не беа предвидени, а Рикер додека новинарските екипи го фотографираа на македонски јазик им рече:,,Многу ми е мило што повторно сум во вашиот град, овој пат со новата амбасадорка на САД".бт

поздарв

 Подоцна беше испратено соопштение во кое беше соопштено дека дел од разговорот биле и актуелната состојба во земјава и градот, но немаше други детали на таа тема. Беше наведено дека Рикер рекол оти Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава. Петровска пак , ги посочи заложбите за натамошна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола секогаш ја добива од страна на САД.

Од Високата делегација од САД, предводена од Рикер во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел Шенон Рунион.амба

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани