2win800x200

Со "Дафино вино црвено" Стефановски и Тадиќ го почнаа концертот во Хераклеја (фотогалерија)

Јули 31, 2019
Не остана празно место на концертот на виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Хераклеја.
 
Амфитеатарот на античкиот локалитет беше  преполн за завршниот концерт на Републичкиот фестивал ,,Илинденски денови". Концертот, славните гитаристи го започнаа свирејќи мајсторски  импровизации на темата ,,Дафино вино црвено". Потоа продолжија со "Македонско девојче", "Не си го продавај Кољо чифликот" и други песни со автентичен македонски ритам. Атмосферата достигна кулминација кога виртуозите во придружба на виолинистка од Лос Анџелес ја отсвирија ,,Море сокол пие". Додека тие свиреа публиката ја пееше песната ама тивко за да може да се чуе нивното музицирање. 
 
Публиката ги поздравуваше на секоја песна со бурен аплауз. 
 
Стефановски пред публиката изјави дека ни во најбујната фантазија не можел да претпостави дека толку многу народ ќе се насобере на концертот.
 
,,Тадиќ вчера го пречекав со зборовите добре дојде дома. Тој живее во Америка, но Македонија му е духовен дом", рече Стефановски.
Ја отсвурија и ,,Јовано, Јованке"за која рече дека е најпопуларната традиционална македонска песна на сите времиња, која се пее од Јужна и Северна Америка, па се до Јапонија.  Пред битолската публика настапија премиерно и со новата преработка на песната „Бог да ги бие Дебрани“ која порано ја пеел Кирил Манчевски и истата има многу тежок текст. На последните изведби во Хераклеја, публиката ги поздрави музичките генијалци со ѕвездено небо. 2da7c492ff6cc8b81c31164a3588a92270af8177afbd3b9c437acb4c09a2065e
 
1a87cfc8ef872c8ec2754685edf375200d08f47f32050af98864a057c750e83e
 
44a4f2e770711a9022170e4b2235ef51743a6c9c32b417032f0075efba39c010
 
46aaea9aeb0581dd668de7b5cfd93a222f5698c15df3a5635e97f14bcce84b87
 
63c51ccf8ee98475ee1beecf94e8851a9f6b9839301d8685abf7919152e25ed2
 
976c517afbd971fee5d7be30ed19d4d107499ea9afd4e0f6b59206063121b7f3
 
3f05f447b358085674a50b9fa662f38ca105d17782f31232280c464411c2da0a
 
3226b050e5bedf2dea69f68549450e9d34ac7abcebca88748a2e0b0514d45f2d
 
b63bdf14ce770b575c67ce112a957db51dc29d8ce0e5dce43ef6ab60abbdc6e9
(Фото Димитар Петковски) 
 
67392335 460203314542490 5229118705740283904 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани