2win800x200

РЕК Битола подига бедем за да го спречи разнесувањето на пепелта

Август 01, 2019

РЕК Битола продолжува со реализиација на еколошки проекти, најави новиот директор на комбинатот, Златко Ќурчиевски и рече дека  целта е згадувањето да се сведе на минимум. Најинтензивни активности има на  одлагалиштето за пепел, каде се подига бедем кој треба да го запре разнесувањето на прашината . 

-Најмногу е направено во делот на отпепелувањето.  При крај е изградбата на бедем , со што значително ќе се намали влијанието на ветровите и разнесувањето на пепелта во околината. Станува збор за една голема површина која што е загардена со земјен бедем и пепелта ќе се одлага внатре во таа загадена површина, а ветрот не ќе можат да го има тој ефект како сега.  Интензивно се работи на покривање на пепелта, од 30 илјади метри квадратни тие количини ги сведовме на 5000 метри квадратни, односно тоа е сведено на минумум во однос на она што го имавме како ситуација пред нецели 3 години, рече Ќурчиевски. 

Тој најави дека од  Нова година треба да почне реконструкцијата на електростатските филтри, со што лимитот на ПМ честичките ќе се спушти под граничните вредности што ги дозволува европската регулатива.

-Од Нова година ние би можеле да интервенираме и да го намалиме загдувањето од ПМ честичките сукцесивно на секој блок, со реконструкција на електростатските филтри. Веќе сме во втора фаза, имаме избрано три економски оператори, а се надеваме дека за многу скоро време ќе го добиеме изведувачот на работите кој треба да гарантира дека во 2020, 2021 и 2022 година целосно ќе се реконструираат електростатските филтри, со што ќе се добие минимално количество на ПМ честички во амбиенталниот воздух од само 20 мг/м3 што е понизок лимит за ПМ честичките во европската регулатива, вели директорот на РЕК Битола. 

Веќе се работи на добивање на А интегрирана еколошка дозвола, а во наредните години потребно е да се имплементрираат сите мерки за производството на електрична енергија по еколошки стандарди

-Во тек е постапка за добивање и усогласување со строгите критериеуми на А интегрирана дозвола. Усвоен е оперативниот план што РЕК Битола го достави до УО на ЕСМ, со што се созададоа сите услови Министерството за животна средина да ја распише јавната дебата во септември со што ќе почнеме со имплементација на мерките од опреативниот план за да ги исполниме условите за конечно во 2026 година имаме еден комбинат кој ќе ги исплнива целосно еколошките стандарди, вели Ќурчиевски.

И генералниот директор на Државните електрани, на денешната заедничка прес конференција потврди дека најголем дел од капиталните инвестиции на АД ЕСМ се вложувања во РЕК Битола и тоа пред се во еколошки проекти.

-Во изминатиот период во неколку наврати АД АСМ и менаџментото во РЕК Битола излегувавме со информации дека во комбинатото сериозно се вложува во капитални инвестиции, пред се во термоелектраните, ремонтните активности на блоковите, направени се два капитални ремонти, во најава за следната година ќе има уште еден капитален ремнот, како и проектите што се од големо значење од еколошки аспект, а тоа е реконструкција и ревитализација на разладната кула на Блок2 и реконструкцијата на електростатските филтри. За скоро ќе ги промовираме и капиталните проекти на ЕСМ, односно фотоволтаиците во Осломеј, ветерниците на паркот Богданци2 и отпочнување на постака за физибилити студија и проектна документација за Чебрен, изјави Ковачевски.

Ќурчиевски рече дека уште пред година и пол кога на челната позиција во РЕК Битола беше назначен Ковачевски, менаџерскиот тим се соочи со алармантна ситуација.

-Имавме хаотичен ископ во рудниците, имавме планрани но со години не остварени капитални ремонти на трите блока, имавме закочени набавки. Со други зборови комбинатото беше паднат на колена. Во меѓувреме сон несебичниот ангажман на сите вработени, успеавме да го стабилизираме и консолидираме комбинатот, за денес со гордост да можам да кажама дека имаме произведено над 2000 гигават часа, што е 114 проценти над планот, рече Ќурчиевски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани