2win800x200

Малку се знае за Пелистерската битка од Илинденската епопеја

Август 01, 2019

Ова била последната голема битка во битолско за Илинденскиот период каде херојски борајќи се гради в гради со аскерот загинале 48 комити.

 

Годинава се навршуваат 116 години од Пелистерската битка, најголемиот и најкрвавиот последен судир за Илинденскиот период во Битолско. Жителите од потпелистерското село Цапари, од каде што била и четата што херојски загинала во битката, реагираат дека денес во јавноста малку се знае за овој бој и настанот не се обележува. Битката се одиграла на 22 септември 1903 година во месноста Палиснопје на Пелистер, каде животот го положиле 47 комити и еден војвода.

            -Откако Турците ги сардисале во обрач и настанала битката, половина од востаниците јуначки загинале во борба гради в гради со аскерот. Некои пак, успеале да го пробијат обрачот. Но, биле фатени и измачувани. Нашиот роднина, комитата Таше Врчков, бил ранет во ногата и се скрил во селото. Но, по битката, се случиле големи претреси по селските куќи. Турците ги притиснале жителите „кажувајте или ќе ве убиеме“ и некој го предал. Го фатија и многу го мачеа, преживеа, но остана по зандани- раскажува Драги Спировски, жител на Цапари.

            Во спомен на јуначкото дело на комитите пред повеќе децении бил подигнат споменик во Цапари и спомен плоча кај Палиснопје, но денес ретко кој таму полага цвеќе и чествува. Дури и во историските читанки и друга литература одвај може да се најде по некој податок за оваа битка.

            -До денес во Цапари останаа раскажувањата за големата битката во која загинаа младите фидани од ова и околните села. Но, некако приказната како да ни остана во селото. Не сме слушнале да се споменува битката на симплозиуми и други научни собири, на празнувања- вели Спировски.

            Историчарите објаснуваат дека и оваа битка се вбројува меѓу најхеројските од Илинденскиот период, а востаниците биле предводени од војводата Аце Трајчев од демирхисарското село Базареник. До денес не се знае годината кога бил роден војводата, па не може да се каже точно на колку години загинал.

            -Пред почетокот на Илинеднското востание во и околу селото се воделе други битки на Цапарската четата со турскиот аскер. По ова, комитите влегле во селото. Но, со задушувањето на востанието во Крушево, турски аскер тргнал кон Цапари. За да не настрада селото војводата дал наредба 92 востаниоците да се искачат над село во планината. Кај Палиснопје биле опколени. Се водела херојска битката гради в гради во која јуначки загинале голем дел од востаниците, како и војводата - вели историчарот Александар Литовски.BITKA

(Историчарите Литовски и Темелковски пред споменикот за Пелистерската битка на Палиснопје) 

            Долгогодишниот историчар Владо Темелковски-Лавчан вели дека по задушувањето на востанеито во Крушево, се одиграле повеќе битки во Демирхисраско, Мариовско и во Егејска Македонија, вредни за споменување.

            -Пелистерската битка се одиграла на десетина дена пред Главниот штаб на 3 откомври да прогласи крај на востанието. Инаку до ноември имало слободни територии во Егејска Македонија и таму се воделе битки. Во нив јуначки загинале комити, војводи и сите тие заслужуваат внимание од историјата и од јавноста- вели Темелковски.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани