2win800x200

По 9 години во Битолската болница се роди тројка зачната по природен пат- Мајката е од Обедник, Општина Демир Хисар ќе им додели 30 000 денари

Август 03, 2019

По пауза од девет години на Одделението за гинекологија при Клиничката болница во Битола се родија три близначки зачнати по природен пат. Родилката е 29 годишната Зулфие Рушановска од село Обедник, општина Демир Хисар, второротка и по породувањето, кое се случи утрово во 9,50 часот со царски рез, се чувствува добро. Трите ќерки кои ги донесе на свет се здрави и живи.

„Ова ми беше втора бременост. Имаме две и пол годишен син. Девојчињата се родија здрави и живи и јас сум пресреќна. Уште не им имаме одбрано имиња“ изјави за Апла.мк родилката Рушановска.

Мајката е од демирхисарскиот крај, а таму ќе живеат и трите близначки, па градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски денес ја посети родилката во Битолската болница. Ѝ подари буќет цвеќе во име на Општината, а најави дека ќе ѝ доделат и парична помош од 30 000 денари.67420250 392645151387352 4961548165959385088 n

„Ова е радосна вест за нашата општина. Решив да ја посетам родилката, еден буќет цвеќе да ѝ подариме. Од страна на Општина Демир Хисар ќе ѝ бидат обезбедени 30 000 денари, како помош за нејзиното семејство, пари кои ќе ѝ се најдат во понатамошното одгледување на децата. Со овие три девојчиња ќе се зголеми бројот на дечиња во село Обедник што секако е радосна вест за рурална општина како што е Демир Хисар“, рече градоначалникот Стојановски.

Општина Демир Хисар има донесено одлука на Совет да доделуваат финансиска помош на родителите кои кои имаат новороденчиња. 7500 денари за првородено дете, 8000 денари за второродено дете, 8500 денари за третородено дете и повеќе. Парите редовно се исплаќаат за дечињата кои се раѓаат, а се со живеалиште во Демир Хисар.

„Минатата година на ниво на општина Демир Хисар беа родени 47 новороденчиња, тоа е истиот просек како и претходните години“, додаде градоначалникот.

Породувањето го извршија гинеколозите Николина Ристевска и Васа Божиновска. Но, кога екипата на Апла.мк ја посети Болницата на дежурство беше доктор Михајло Вангелов специјалист гинеколог акушер.68589470 395278331338710 9033869803353276416 n

(Фото: родилката Зулфие Рушановска, градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски и гинекологот д-р Михајло Вангелов) 

„Имавме близначка бременост или триплети кои настанале по природен пат. Благодарение на матичниот гинеколог и екипата од Битолската болница, бременоста била износена до крај до 37 гестациска недела , а најчесто овие бремености завршуваат со породувања на 32 или 33 гестациска недела. Породувањето беше со царски рез кој го обавија специјалистите гинеколози Николина Ристевска и Васа Божиновска и на свет дојдоа три здрави девојчиња. Првото тешко 2 килограми, вториото 1, 8 и третото 1,5 килограми“, рече доктор Вангелов.

Тој посочи дека во Битолската болница претходно родени тројки зачнати по природен пат имало пред девет години. Уште два други случаи во 2006 година. Тројки почесто се раѓаат при вонтелесно оплодување.

„Статистиката покажала дека тројките се јавуваат како еден случај на 8000 бремености што е доста ретко. Во 2015 година имало само 4123 раѓања на тројки од цел свет кои се зачнале по приорден пат. Факторите за близничка бременост се наследени, потоа доколку жената е во поодминати години поради висок fsh хормон дури до четити пати има поголема можност за близначка бременост, поднебјето и треманот на наплодност со медикаменти и друго “, рече Вангелов.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани