2win800x200

Сашо Ставрев-со фото изложба „Дипломатијата во Битола“

Август 04, 2019

„Дипломатијата во Битола“ е насловот на фото изложбата на битолскиот фотограф Сашо Ставрев која ќе биде отворен утре (05-08- 2019) во 19 часот во  Центарот за култура во Битола.Промотор на изложбата е м-р Валентин Соклевски.  

Сашо Ставрев е добро фотограф добро познат на битолска и македонската јавност  кој со своите фотографии овоковечил многу моменти од животот и историјата на Битола.

Во најавата за изложбата Ставрев пишува дека  „поимот дипломатија има различна функција која најчесто е најблиска на зборовите - уметност и наука. Уметност во смисла на умешност на поединецот да ги применува вештините на комуницирање, преговарање, лобирање, но и наука со мултидисциплинарни познавања“.

 

Во историјата на Битола, втората половина на 19-ти век значајно место зазема периодот на странски дипломатски претставништва или популарно речено Конзулски период.

Главна и основна задача на дипломатските претставништва им била да ги застапуваат економските, политичките и стратешките интереси на своите земји. Отворањетона дипломатските конзуларни претставништве во Битола и пошироко во Македонија било поврзано со ставот да се продира кон исток, посебно на големите западни сили, каде се вкрстосувале противречните економски, политичките и воено стратешките интереси.

Важноста на Битола особено почнала да се истакнува од 30-те години на 19-ти век кога станала седиште на големата административна област Румелија, односно најголемото административно и воено средиште во европскиот дел на Турција - Румелискиот вилает. За да обезбедат непосредно присуство и влијание во некои области, големите европски држави барале одобрение од Турција да отворат свои дипломатски претставништва (амбасади, конзулати, вицеконзулати и агенции).

Присуството на странските дипломатски претставништва во Битола значело присуство на Европа во овој град.

Ребрендирањето на конзулската традиција во Битола почнува на 25. 10. 1995-та год. кога е отворен Почесен конзулат на Р. Франција во овој град. Тогаш се возобновуваат темелите на конзулатите поставени во 1851 год.

Водени од Виенската конвенција за конзуларни односи, почесните конзули во Битола во овој период по независноста на државата, промовирајќи културна дипломатија овозможија да се врати конзулскиот сјај на градот.

Битола има оформен модел на јавна и културна дипломатија изразена преку почесните конзули во овој град и често именувана како конзулска дипломатија.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани