Да ги чуваме шумите за да нѐ чуваат тие нас- Кампања за заштита од пожари на отворено

Август 04, 2019

Во 90 проценти од случаите на пожари како причина се појавува човечкиот фактор, изјави Александар Ангелевски, координатор на Кампањата за заштита од пожари на отворен простор што ја спроведува Дирекција за заштита и спасување. Караванот викнедов беше во Битола, на битолчани им се делеа флаери со совети како превентивно да дејствуваат за да не дојде до пожари, како да постапат доколу се најдат во така ситуација и каде да пријават.67696332 2908981099327644 1203579621660950528 n

„И деца имаме вклучени во оваа кампања, тие ги делеа брошурите со цел од најмала возраст да се развива свеста за заштита од пожари. За најмладата популација имаше проба на пумпа за гаснење пожар што се користи за време на шумски пожари. На ниво на општина Битола годинава имаше рекорден број на пожари, во март имаше многу пожари, но несомнено причина е човечкиот фактор за добар дел од тие пожари. Статистиките пожаруваат дека 90 проценти од пожарите се предизвикани од човечки фактор“, рече Ангелевски.67819405 1089957734727139 2387002068448575488 n

Како превентивни совети за да не дојде до пожари во брошурите што се делеа се посочуваат следните:

-Не фрлајте запалени цигари или остаток од отпушоци на отворен простор,

-Не палете скара на отворен простор и во блзина на шума,

-Не дозволувајте децата да си играат со запалки, пламен и жар,

- Избегнувајте да користите работи на отворено што можат да предизвикаат пожар,

-Не оставјте ѓубре во шума поради можноста од самозапалување,

- Не палете ги стрништата,

-Не палете пасишта и голини,

-Почитувајте ги наредбите на надлержните органи за забрана за палење оган на отворен простор во периодот на зголемени пожари и опасности,

-Почитувај ги знаците за збарана за пристап во области каде има голема опасност од пожари, и

-Имајте на ум дека почетниот пожар се гасне со една чаша вода.

Доколу забележите пожар јавете се на 193!67563741 497081021055214 874267526840713216 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани