Webp.net gifmaker

ШУМА СО БОЈА НА ХРИЗОЛИТ ГО ЧУВА МАНАСТИРОТ „СВЕТА АНА“ ВО МАЛОВИШТА, А ВЕРНИЦИТЕ ДЕЛКААТ КОРА ЗА СРЕЌА

Август 06, 2019

Со интензивна зелeна боја, во нијанси приближнo на полускапоцениот камен хризолит, обоена е буковата шума околу манастирот „Света Ана“ над пелистерското село Маловишта. Манастирот, кој бил изграден пред 82 години, а постојат податоци дека храм имало и во 18 век, денес збира стотици гости на својата слава. Бидејќи нема асфалтен пат, гостите минуваат пеш по стрмнини, не можат да ја заборават убавината на теренот, посебно зелената боја на шумата.

„Ова е неверојатно, цел живот планинарам, но оваа зелена боја е магична. Шумата е толку густа што не ви дава видик понатаму. Тука се спојуваат пролетта, летото со есента. Додека дрвјата пролетно зеленеат, патот е прекриен со лисја изпаѓани од есента. Во селото е сончево, а шумата е во сенка од букови стебла. Во Маловишта е топло, а на манастир свежо зашто е подигнат на 1.410 метри надморска височина. Ова е Пелистер и не само моликата, туку и буката знае да биде чудесна“, коментира планинарот Никола Митревски.

Манастирот е оддалечен од селото Маловишта два и пол километри. Се стигнува единствено по стрмен планински пат. Тука никакво влијание нема извршено цивилизацијата, па патот е оставен онака како што го обликувала природата со децении. Од страните висок, а на средина вдлабнат. Минувачите мора да внимаат каде се движат зашто прекриен е со дебел слој листови и не можат точно да видат дали газат на земја, камен или корен од дрво.Сè заедно дава несекојдневно уживање во боите на природата, звуците на птиците и чистиот пелистерски воздух. Во оваа густа шума која е дел од Националниот парк Пелистер нема ни грам од штетените ПМ10, и ПМ2,5 честички или уште помала ситна прашина.Sv. Ana Malovishta6

По напорната патека, манастирот е место за починка, засолниште доколку има невреме и секако за молитва на верниците. Има многу легенди за неговата чудотворна моќ. Некои веруваат дека дава пород, а други со ноже делкаат од кората на старото стебло вградено во храмот и ја носат дома со надеж дека ќе им донесе среќа во семејството, а трети пијат од изворот верувајќи дека е лековит.Sv. Ana Malovishta3

Местото изобилува со спокој, а манастирот со икони, дел изработени во 1930-те години. Има и постари на кои им е потребна реставрација. Света Ана“ е опколена и со други храмови, како што е црквичката „Свети Спас“ високо во планината под врвот Пирамида на 2.000 метри надморска височина. Оние кои сакаат да останат и да уживаат подолго во овој крај, каде секое годишно време има своја убавина, може да преноќат во конаците. Има трепезарија и топло огниште, зашто тука вечерите и преку лето се свежи. Другиот ден, можности за прошетки има многу, една од обележаните патеки води за Копанки, каде пеш се стигнува за неполни две часа.Sv. Ana Malovishta5

 Извор: https://sdk.mk/index.php/magazin/shuma-so-boja-na-hrizolit-go-chuva-manastirot-sveta-ana-vo-malovishta/

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани