Очаен изглед на објектот каде половина Битола стапила во брак

Август 17, 2019

Некогаш намамуваше погледи со воодушевување поради архитектонската грандизоност, пречекуваше политичари, државници и други значајни гости, беше сведок на многу значајни одлуки за градот Битола, а просториите преку викенд му беа полни радост зашто таму илјадници битолчани го кажуваа своето судбоносно „да“. Тоа за жал денес е само историјата на еден од некогаш најубавите објекти во Битола, старата општинска зграда.

Објектот денес е во лоша состојба судејќи според надворешниот изглед. Олуците се стари, па на еден од ѕидовите недостига поголем дел и кога врне дождот тече директно низ фасадата и го има изроенето малтерот до тој степен што се гледаат тулите. Судејќи според ситуацијата на терен, ова е состојба што трае подолго време.

Влезот некогаш наликуваше на приод кон палата со блескаво мермерни скалила и бели столбови. Денес како да е место за снимање хорор филмови. Делови од мермерните скали се искршени, а влезната врата исчкртана со недолични цртежи и пораки.

Овој објект порано беше државен имот, а потоа со процесот на денационализација ѝ беше вратен на МПЦ. Во изминатиот период во неколку наврати служеше за снимање филмови. На вратата има прикачено плочка дека објектот го обезбедува агенција. Но, крајно време да се преземат мерки за заштита на екстериерот на старата општинска зграда кој е во срцето на Битола, на педесетина метри од Широк Сокак, за да не загубиме бесповратно уште еден архитектонски бисер. објект 2

објект 3

објект 4

објект 5

објектв 6

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани