2win800x200

Се поставуваат терминали и рампи на паркинзите, за скоро паркинг местото повторно ќе се наплаќа

Август 22, 2019

Се поставува опрема на три локации кај  паркинзите „Јавор“,  „Стара автобуска“ и пред  Центарот за култура, тоа подразбира терминали  и рампи.

-Во наредните денови ќе биде поставен софтверот за работа на затворените системи, истиот ќе биде тестиран и веднаш после тоа ќе биде пуштен во употреба, тоа значи за многу скоро паркинг местото повторно ќе се наплаќа, изјави за Апла.мк Зоран Дојчиновски директор на новото јавно претпријатие за паркинзи.

Според Дојчиновски во моментот се врши тестирање на зонското паркирање, од страна на мобилните оператори.

69021614 751655251936588 5970850890515480576 n

Како што веќе објавивме се намалуваат цените за паркирање во Битола, откако  новото Јавно претпријатие за паркинзи чиј основач е Општина Битола го презема управувањето  со зонското паркирање.
Новиот  ценовник е со намалени цени на услугите за сите три зони во градот усвоен од  Советот на Општина Битола. Паркирањето во А зона поевтинува за 5 денари, а во Б за 10 денари. 
Паркинзите ќе работат од 7 до 21 часот со иста цена на чинење во сите зони во текот на цел ден.
-Првите 15 минути остануваат слободни. Во зона А цената за паркирање ќе биде 30 денари за два блок часови, а секој следен час ќе биде за 5 денари поевтин, односно 25 денари. Во зона Б цена од 20 денари за два блок часови, а секој нареден час ќе биде за 10 денари поевтин од претходниот. Паркирањето во зона Ц ќе биде 30 денари цел ден. Драстично се намалува цената на паркирање посебно во зона Б за 10 денари. Во делот на повластеното паркирање паркинг картата за жител останува 200 денари за прво и 300 денари за второ возило. Има намалување и на паркинг картата за правно лице во зона А од 6000 на 2000 денари, во зона Б 4000 на 1300 денари и во зона Ц 2000 на 1000 денари, најави  Дојчиновски. 
 
Дневна карта ќе чини  250 денари во зона А и 200 денари во зона Б што е намалување за 100 денари во однос на претходните цени. 
Поевтинуваат и цените за блокада на возилата од 1000 на 500 денари. 
За годишна карта ќе  се плаќаат само 11 месеци. 
Електричните возила ќе бидат ослободени од плаќање паркинг. Ќе има две паркинг места за електрично полнење на возилата на паркингот кај Спортската сала. Граѓаните една година ќе можат бесплатно да ја користат електричната енергија од тој полнач. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани