СЕ МЕНУВА ИЗГЛЕДОТ НА МЕДИЦИНСКОТО УЧИЛИШТЕ КОЕ ЈА ОТСЛИКУВАШЕ НЕГРИЖАТА ВО БИТОЛСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ (фотогалерија)

Август 23, 2019

Зградата на  СОУ  „Д-р Јован Калаузи“ кое ја отсликуваше комплетната негрижата во битолското образование  во изминатите години, сега добива нов лик. Променет е изгледот на  дел од фасадата  која се распаѓаше од влага поради дотраената водоводна инсталација во тоалетите во училиштето. Од влагата беа уништени и ѕидовите на училницата до тоалетите. Во вакви услови со години посетуваа настава средношколците од Медицинското училиште во Битола. Освен реконструираната фасада, целосно се санираат тоалетите во училишната зграда, а активностите се во тек. Водоводната инсаталација која беше во очајна сосотојба компелтно е променета, санитариите се пристигнати, се заменуваат старите плочки, а променета е и дограмата.

Овие зафати се изведуваат со пари собрани преку донации што ги иницираше средношколката  Медисон Ристевска  од Австралија која има македонско потекло. Со овој  училишен  проект, младата девојка  анимираше голем број луѓе од целиот свет и нашата дијаспора да донираат и да помогнат за подобрувње на условите во ова средно училиште. Со акцијата  се собраа 40 илјади австралиски долари. Првите контакти за реализација на проектот  ги направи професорката по англиски јазик од Медицинското  училиште, Марија Магдалена Петковска -Микаровска, позната како Класнето, која испратила писмо за помош до повеќе меѓународни институции, по што бил воспоставен контакт со Медисон. Потоа средношколката започнала со реализација на овој проект.

medicinko8

medicinsko11

medicinsko12

(Изглед на тоалетите и фасадата пред санацијата)

medicinkso7

medicinsko10

medicinsko3

medicinsko13

medicinsko2

medicinsko9

 (Фотографии од градежните работи во тоалетите и на фасадата)

 

И Општина Битола со јавните претпријатија  се вклучија  во проектот за подобрување на условите во ова училиште.

ЈП „Комуналец“ го подигна градежниот шут од тоалетите во училишната зграда, а заедно со „Водовод“  и  „Нискоградба“  ги    изведуваат  работите за партерно уредување на просторот околу училиштето. 

sut1

sut2

sut3

Во предниот двор на училиштетот поставени се нови клупи, а старите се обновени, поплочен е приодот кон спортската сала, израмнет е теренот, уредени се тревни површини, поставени се бехатон патеки.

ФОД постави рампа со која се спречува влез на втомобили во училишниот двор. Партерното уредување е скоро готово, а следната недела Класнето со нејзините ученици ќе го чистат дворот и патеките од треви.

Околу уредување на задниот двор , на ЈП „Комуналец“ му помогнаа и активисти на Црвениот крст, а „Синпекс“ пак донираше 100 метри црево за наводнување на тревните површини. Исто така,  со донации од поединци променети се делови од олуците на заградата, потоа завршено е појадисувањето и променет е ламинатото во директорската канцеларија.

IMG 41812349f8639c6c3649b626fc84f2ec V

IMG 20190823 165029

medicisko rampa

medicinsko dvor1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани