2win800x200

Инвалидизирано лице се „вдоми“ пред Матичното во центарот на Битола

Септември 11, 2019

Инвалидизирано лице буквално се „вдоми“  пред Матичното кај поранешно Борово во центарот на Битола. Веќе неколку дена лицето добро познато на јавноста си поставило кревет со постелнина , инвалидска количка и храна во аголот   од објектот   и пред Матичното на пешачката патека проси пари од минувачите. Граѓаните  повеќе или помалку изненадени од случувањата коментираат дека ова е недозволиво и дека човекот треба да се згрижи, дотолку повеќе што на неколку метри погоре исто така во друг агол од објектот се шири реа на урина.

Засега институциите немаат решение за овој случај.

Од Центарот за социјални работи во Битола за Апла. мк  велат дека екипа од социјални работници излегла на терен, но лицето одбило да биде згрижено.

-Кај лицето е интервенирано на 9 септември годинава, понудено му е сместување, но одбива,  не се потпишува на документ дека одбива. Нашата екипа интервенираше заедно со полицијата.И денес повторно интервенираше екипа само од нашата институција, но ништо. Лицето знае дека ако биде сместено во соодветна институција правата ќе му бидат во мирување, тој е примател на парични средства по три основи, 4000 денари гарантирана минимална  помош, 3959 денари  помош и нега од друго лице и 7204 денари мобилност. За да се смести некои лице треба соработка со институциите и да е согласен на услугите во рамките на Законот за социјална заштита, изјави Сузана Велјановска, директор на Центарот за социјални работи во Битола за Апла.мк.

Од СВР-Битола велат дека интервенирано  е од нивна страна на барање на ЦСР, но пријава од страна на граѓани за нарушување на јавен ред и мир од страна на лицето нема. Од полицијата велат дека институционално ќе се бара решение  за овој случај.

рамбо 2

рамбо

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани